Дали се сеќавате - Филм со Џорџ Клуни и Никол Кидман е снимен во Македонија, Тоше „глуми“ во првата сцена (видео)
„Првиот филм објавен од DreamWorks ја избра Македонија како нивна локација за снимање. Овој мост во близина на езерото Глобочица, каде што едно село беше проголтано од водата во 1965 година, стана холивудски сет во 1997 година“, пишува во објавата на Инстаграм.

Во 1997 година холивудското филмско студио DreamWorks го дистрибуираше својот прв филм, The Peacemaker (Миротворец), во кој главните улоги ги играа Никол Кидман и Џорџ Клуни.
Филмот, многумина го споредија со серијалот на тајниот агент Џејмс Бонд, но го окарактеризираа како „послаба верзија на популарните филмови“.

Дел од сцените за филмот се снимени низ Македонија и тоа во Куманово, Скопје, Битола и Охрид, но и на мост покрај езерото Глобочица.
Повеќето од овие сцени се асоцијација за Русија и источноевропски територии.
Интересно е што во првата сцена од филмот, снимена во црквата Св. Димитрија во Битола, се појавува и Тоше Проески.
Тој е меѓу неколкутемина момци што пеат во црковниот хор.
Во тоа време Тоше имал само 16 години.
Неодамна на Инстаграм се појави и видео кое ја разбуди носталгијата - снимено со дрон над мостот покрај Глобочица, а потоа дополнето со сцената од филмот која е снимана на истото место.
Во описот на видеото пишува:
„Првиот филм објавен од DreamWorks. И ја избраа Македонија како нивна локација за снимање.
Овој мост во близина на езерото Глобочица, токму ова место, беше холивудски сет.

Додека светот ги гледаше Џорџ Клуни и Никол Кидман на екранот, никој не знаеше дека ја гледаат Македонија.
Истото езеро каде што едно село беше проголтано од водата во 1965 година, стана холивудски сет во 1997 година.
Македонија не чекаше Холивуд да ја открие, Холивуд дојде во Македонија.
Дали сте го слушнале ова порано?“
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело