10 од најдобрите скандинавски крими-серии
Мини-серијата Millennium, снимена според познатиот серијал на Стиг Ларсон или The Bridge – една од најдобрите скандинавски серии чија популарност не се намалува и по скоро цела деценија.

Благодарение на стриминг платформите, многу подостапни ни станаа серии и филмови кои не се од американска продукција.
А, кога се во прашање крими серии, можеби ништо не се споредува со оние од скандинавските земји.
Овие серии имаат мрачна атмосфера, ликовите се комплексни, дури и оние кои се не толку важни, а се истражува и целата нивна психологија.
Покрај тоа, дејството во сериите е главно сместено во скандинавските земји, што значи не недостасуваат пејзажи кои изгледаат надреално.
Без разлика дали некогаш сте гледале скандинавска серија, ако сакате криминалистика, предлагаме да им дадете шанса на дел од најпопуларните.
10 од најдобрите скандинавски крими-серии:
The Bridge
На мост помеѓу данската и шведската граница е пронајдено мртво тело.
Двајца инспектори од Шведска и Данска мораат да ја делат јурисдикцијата додека пробуваат да го најдат убиецот.
Bordertown
Главниот лик е полициски детектив од Финска кој се однесува малку чудно.
Додека решава комплицирани случаи, тој пробува да си го задржи семејството.
Deadwind
Главниот лик е млада детективка од Финска која неодамна станала вдовица.
Откако открива женско мртво тело на градилиште, се вплеткува во ситуација која може да ѝ го уништи животот.
Arctic Circle
Arctic Circle e финско-германска серија, но главниот лик е полицајка од Финска.
Нејзината задача е да го истражи убиството на проститутка, за која открива дека е заразена од редок смртоносен вирус.
The Chestnut Man
Во 1980-тите, цело семејство е убиено на фарма во Данска.
Повеќе од 30 години подоцна, на игралиште во Копенхаген е пронајден мртво тело на жена, а двајца детективи пробуваат да откријат дали двете убиства се поврзани.