Раскошна венчавка, нов дом и бременост: Нов жежок трејлер за „Fifty Shades Freed“ (видео)

Заплеткани приказни, секс сцени и луксуз на сите страни во најновиот дел на трилогијата „Fifty Shades Of Grey“.

raskoshna-venchavka-nov-dom-i-vesti-za-bremenost-nov-zezok-trejler=za-fifty-shades-of-freed-video-01.jpg

Новата година започна со новиот трејлер за трилогијата „Fifty Shades Of Grey“. Тој излезе токму на 1-ви јануари.

Дакота Џонсон во улогата на Анастасија Стил ќе се омажи за Кристијан Греј, кој го глуми актерот Џејми Дорнан. Нови тајни, секс сцени и кавги ќе осамнат во „Fifty Shades Freed“.

Анастасија во овој дел ќе ја видиме во венчаница, но и како се соочува со веста дека е бремена.

Вљубениот брачен пар ќе започне да живее на еден луксузен имот, кој Кристијан го купил за нив, а животниот стил ќе им биде исполнет со приватни авиони и луксузни одмори.

Но, главоболките на Анастасија не сопираат, па таа се соочува со една сексапилна архитектка која флертува со нејзиниот Кристијан.

Погледнете го трејлерот:

Првиот филм „Fifty Shades Of Grey“ во 2015 година заработи вртоглави 500 милиони долари, вториот дел „Fifty Shades Darker“ во 2017 заработи 380 милиони, а третиот дел „Fifty Shades Freed“ ќе биде промовиран на 8-ми февруари.

Што ќе донесе третиот дел?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Корејски филм за демони стана вирален хит - децата се опседнати, Новак Ѓоковиќ танцуваше во тој стил „Танцот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е глобално популарна ...
Многу дрога и експлицитни сцени со средношколци: Како Euphoria стана најконтроверзната серија? Третата сезона на Euphoria е остро критикувана дека оди во крајности со голотија...

Најчитани неделава