„Го гледав филмот Тома - ремек дело, емоција, не можам да се соземам, уште гуглам за него“

Совршен филм на кој сум плачела како никогаш досега – зошто не можам да престанам да мислам на филмот за легендарниот Тома Здравковиќ?

go-gledav-filmot-toma-remek-delo-emocija-ne-mozham-da-se-sozemam-ushte-guglam-za-nego-01.jpg

Викендов го гледав филмот „Тома“ и многу плачев и многу се ежев и многу ми доаѓаше убаво и топло на душата.

И нема да ви пишувам чие дело е и кој глумел, тоа веќе го знаете верувам. Само ќе кажам, Драган Бјелогрлиќ – царе и Милан Мариќ – легендо, не можам да дочекам да те видам во некоја наредна улога, улогата на Тома ти беше триумф!

Ќе се посветам на тоа какви емоции ми разбуди филмот. Како ме удри од земја и каков силен впечаток ми остави што не можам да престанам да мислам на него.

Мислам за животот на легендарниот Тома Здравковиќ, на сите негови несреќни љубови, на неговите пороци, на тагата во неговиот живот, но и на успесите, на наградите, на песните кои живеат и 30 години по неговата смрт, а ќе живеат вечно.

Си велам како било можно да си толку успешен, а едновремено несреќен и си велам дека ми се потврди тоа дека мора да живееме со полн здив секој ден, но и да научиме да се избориме со пороците, затоа што токму во филмот гледаме дека нивната цена често е превисока, некогаш жртва се токму луѓето што најмногу ги сакаме во животот.

Тома и покрај тоа што бил онколошки пациент пеел до самиот крај, последниот концерт го одржал на само 14 денови пред смртта. Браво, секоја чест.

Секој од нас да најде мотивација за живот како Тома што нашол во музиката, ќе биде благословен.

Филмот е чудо затоа што не можам да престанам да мислам на животот на секој еден лик од филмот. Не само на Тома, туку на докторот, на Силвана Арменулиќ, на последната сопруга на Тома, на неговиот менаџер...

Постојано гуглам за неговиот живот, за нивните животи, па гледам интервјуа со актерите од филмот, па ги слушам песните одново и одново, па размислувам за Лилјана и за сите жени за кои Тома посветил песни.

Го препорачувам филмот секому и секој еден од оние кои го изгледаа ми се јавуваат и ми велат дека помоќно нешто не гледале.

Еден легендарен живот доловен на совршен начин... Браво!

Го изгледавте ли вие?

https://www.youtube.com/watch?v=FScqYLz6vvo

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството Долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday, филмот инспириран од познатата иг...

Најчитани неделава