Вечерва во Преспав ќе гледате: Ула чува бебе, инспектор Томе се јавува на помош

Пансионот се поплавува, а Преспавци прават термална бања, но се јавува проблем и инспектор Томе доаѓа на помош – CRNOBELO.com открива мала доза пикантерии за третата и за секоја следна епизода од Преспав. Како ви се допаднаа првите две епизоди?

vecherva-vo-prespav-kje-gledate-ula-chuva-bebe-inspektor-tome-se-javuva-na-pomosh-01.jpg

Како ви се допаднаа првите две епизоди од шестата сезона на Преспав? Подготвени сте за нови чудни случувања во пансионот вечерва?

CRNOBELO.com како медиумски поддржувач на серијата Преспав, ексклузивно ќе ви открива мала доза пикантерии од секоја следна епизода. 

За оние кои со нетрпение очекуваат да дознаат што ќе се случи во следната епизода, кратко „загревање“ за уште повозбудено да ја дочекате третата епизода...

Кога конечно ќе го „средат“ пансионот, сè личи како да е направено од хартија, целата инсталација е згрешена, па се случуваат разни незгодни ситуации, со водата и електриката.

Во пансионот доаѓа млад брачен пар со бебе. Иронични за својата љубов, ненаспани, и желни да одморат секоја можна секунда, некој постојано им го нарушува мирот.

Ула се заљубува во бебето кое ѝ го оставаат на чување, па со тоа повторно ѝ се раѓа желбата за дете.

Во пансионот се поплавува и подрумот, а Преспавци се обидуваат да го искористат тој дефект, правејќи “Термална бања“ како би привлекле туристи.

Но, се јавува проблем, а проблемот брзо се решава со Инспекторот Томе.

Погледнете ја видео најавата:

Епизодата „Термална Бања“ гледајте ја вечерва во 20:15 на МРТ1.

Би можело да ве интересира:

Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
10 (ретро) филмови, совршени за летен распуст The Parent Trap со Линдзи Лохан кој ќе ве врати во детството или Luca кој ќе ви ...
Корејски филм за демони стана вирален хит - децата се опседнати, Новак Ѓоковиќ танцуваше во тој стил „Танцот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е глобално популарна ...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...
10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та Последната сезона од Outlander, долгоочекуваната четврта сезона на From, но и но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg