3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе

Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се обидуваат да ја доловат смислата на поимот љубов. Каков тип на романтични романи читате вие?

3-romantichni-knigi-shto-treba-da-gi-ponesete-na-plazha-so-sebe-01.jpg

Без разлика дали сте од оние што сакаат романтични и хумористични приказни или сте од оние што уживаат во светот во кој владеат мрачните херои, во продолжение ви издвојуваме 3 „лесни“ романи што сосема слободно можете да ги понесете со себе на плажа и да уживате во нив.

„Среќа за почетници“ - Кетрин Сентер

Според романот на Кетрин Сентер е снимен и филм на „Нетфликс“, а премиерата ќе биде на 27-ми јули годинава. Пред да излезе филмот добро би било да ја прочитате и книгата.

Една година по разводот 32-годишната Хелен Карпентер, на барање на брат ѝ ќе се запише на курс за преживување во дивина во траење од 3 седмици.

Тоа би требало да биде нејзина шанса да си го среди животот, но кога ќе дознае дека на патувањето доаѓа и најдобриот пријател на нејзиниот 10 години помлад брат, Џејк, таа станува уверена дека патувањето ќе биде катастрофа.

Книга што сигурно ќе ви го крене расположението и ќе ве насмее, па идеална е за деновите поминати на одмор и на плажа.

3-romantichni-knigi-shto-treba-da-gi-ponesete-na-plazha-so-sebe-02.jpg

„Изопачена љубов“ - Ава Хуанг 

Наменета за сите оние што сакаат романси, со мрачни (анти) херои, нема да можете да ја пуштите од раце додека не ја прочитате и последната страница од книгата.

Книгата е дел од серијал, но слободно можете да ја прочитате сама по себе, затоа што претставува комплетна и завршена приказна.

Алекс Волков е ѓавол со ангелско срце и свесен е дека не може да побегне од сопственото минато и од трагедијата која прави целосно да биде посветен на одмаздата.

Но, во мигот кога е принуден да се грижи за сестрата на својот најдобар пријател Ава Чен, Алекс, забележува дека мразот околу неговите гради почнува да се топи...

3-romantichni-knigi-shto-treba-da-gi-ponesete-na-plazha-so-sebe-03.jpg

„Сите лета потоа“ - Карли Форчан

Во 2022-ра година, книгата беше номинирана за најдобра романса на платформата за читатели Goodreads, а во неа се раскажува приказната на Персефона Фрејзер, девојката која откако направила една голема грешка пред 10-тина година избегнува да се врати во Бери Беј, местото каде го поминала своето детство.

Таа одбива да се врати таму, сѐ додека не добие повик кој ќе ја примора да се врати и да присуствува на погребот на мајката на Сем Флорек – момчето со кого поминала 6 незаборавни лета.

Ова е еден носталгичен роман за љубовта, но и за обичните избори што понекогаш ги правиме, а кои нѐ одбележуваат за цел живот.

3-romantichni-knigi-shto-treba-da-gi-ponesete-na-plazha-so-sebe-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава