3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале

Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се допаднат … Ќе ве однесат во некое друго време, ќе ве натераат да размислувате за историските случувања, за времето, но и за тоа колку се менува животот.

3-romani-za-koi-kje-sakate-da-se-pofalite-deka-ste-gi-prochitale-01.jpg

Ви предлагаме три книги во кои главните ликови ќе треба сами да се соочат со својата судбина, да донесат важни одлуки, а вам како читатели да ви донесат важни поуки.

Ова се романи за кои со сигурност ќе сакате да зборувате, но и да се пофалите дека сте одвоиле време за да ги прочитате.

„Мирисот на листовите чај“ – Дајана Џефрис

Романот се случува во 20-тите години на минатиот век, во Цејлон, кога младата Англичанка Гвен ќе ја сретне љубовта на својот живот, кој е сопственик на плантажата за чај.

Набрзо Гвен ќе има можност да дознае дека нејзиниот сопруг крие тајни за минатото, како и за тоа што навистина се случило со неговата прва сопруга.

Работниците на плантажата се полни со презир кон сопствениците, соседите нелојални, а плантажата крие тајни што младата Гвен сама ќе ги најде, но за кои нејзиниот сопруг нема да сака да разговара.

Таман Гвен ќе помисли дека се привикнала на животот, следува несреќа, заради која таа ќе мора да донесе важна одлука, иако е свесна дека големите тајни не можат да останат закопани засекогаш…

3-romani-za-koi-kje-sakate-da-se-pofalite-deka-ste-gi-prochitale-02.jpg

„Бележникот на татко ми“ – Кедер Абдолах

Романот започнува со приказната за таткото, Ага Акбар, кој е непризнат син на персиски благородник. Кога бил дете тој имал можност да отпатува со вујко му во пештера во планините, каде ќе има можност да го види 3.000 години стариот релјеф, напишан од првиот крал на Персија.

Овој релјеф ќе биде инспирација за момчето да направи свое писмо со кое ќе ги пишува сите свои мисли и чувства.

Подоцна, приказната продолжува со онаа на неговиот син Ишмаел, кој живее како политички дисидент во егзил, но се обидува да го дешифрира наследениот бележник.

Во романот, читателот има можност паралелно да ја следи судбината на неговиот татко како селски поправач на килими, но и на политичките активисти коишто се нашле во судир со властите на Иран од 20-тиот век.

Спојот на овие приказни нема да ве остави рамнодушни.

3-romani-za-koi-kje-sakate-da-se-pofalite-deka-ste-gi-prochitale-03.jpg

„Конци на судбината“ – Марија Дуењас

Романите за Сира Керога, ја вивнаа Марија Дуењас меѓу најчитаните шпански автори.

Романот започнува во Мадрид, во 1936-та година, во периодот пред Шпанската граѓанска војна. Младата кројачка заради љубовта кон човекот што воопшто не го познава ќе одлучи да напушти сè: родниот град, мајката, свршеникот, но и судбината што сметала дека ѝ е предодредена.

Набрзо потоа, Сира ќе се најде сама и напуштена во Мароко, каде што ќе мора да најде начин да преживее и да се справи со судбината која сама по себе се пишува.

Така, Сира ќе стане омилена кројачка на сопругите на нацистичките генерали, но и главен информант на Британските служби.

Така судбината ќе има сосема поинаква замисла за животот на младата кројачка, чијшто занает ќе стане параван за нешто многу поголемо.

3-romani-za-koi-kje-sakate-da-se-pofalite-deka-ste-gi-prochitale-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава