Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти

“Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот: Приказни за облеките, каде главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти. Во новата сликовница која се очекува да биде следна во низата, го запознаваме џемперчето Воли, скратено од Волненко.

naskoro-nova-slikovnica-za-lefti-i-rajti-01.jpg

Оваа сликовница ја напиша Наташа Дукоска која вели: “отсекогаш имам посебен однос кон џемперите, кои нè топлат и ги носиме за секој случај, а Воли е едно прекрасно џемперче, кое е секогаш подготвено да се најде во ладно и во топло”. Илустрациите и овој пат се на Хари Дудески, а издавач е Чудна шума. Сликовницата се очекува да излезе од печат до крајот на годината и да биде достапна за македонските мали читатели.

Децата ја прифатија одлично првата сликовница од овој циклус и научија како да се грижат за своите облеки, бидејќи и тие имаат живот!

Би можело да ве интересира:

На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисер...
„Ова e за моето внатрешно дете кое си ги ставило соништата на пауза“ - Васил Божикалиев за својата н... „Авторот многу добро ја демонстрира линијата што ја разделува „нормалноста“ од „...
„101 порака за убав ден“ – нова книга на Елизабета Арсиќ Во средата на 1-ви октомври 2025 година, во градското кафуле се случи промоција ...
Книги напишани од македонски новинари - три одлични викенд предлози Книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите ...

Најчитани неделава