3 книги од Колин Хувер, што ќе ве остават без зборови

Колку романи од Колин Хувер сте прочитале? Во продолжение некои од нејзините помалку познати романи, што подеднакво ќе ве воодушеват...

3-knigi-od-kolin-huver-shto-kje-ve-ostavat-bez-zborovi-01.jpg

Во последните неколку месеци топ тема е филмот снимен според книгата на Колин Хувер, „Ова завршува со нас“, а од нејзиното перо се излезени голем број романи и љубовни приказни кои никого не оставаат рамнодушен.

Колин Хувер се одликува со тоа што отскокнува од вообичаениот начин на пишување на љубовните романи, така што секогаш знае да воведе некој неочекуван развој на дејствието, а важи за вистински мајстор во нејзиниот жанр.

Во продолжение ви предлагаме 3 помалку познати наслови од нејзиниот опус, кои се преведени на македонски јазик, а не треба да ги одминете.

„Само пријатели“

Ова е меѓу првите објавени романи на Колин Хувер, кој ја раскажува приказната за 18-годишната Лејкен, која мора да биде силна за да им помогне на мајка ѝ и брат ѝ по смртта на нејзиниот татко.

Однадвор Лејкен, изгледа како ништо да не ја допира, но одвнатре чувствува дека се држи со последните сили.

Одеднаш во нејзиниот живот доаѓа 21-годишниот Вил Купер – згоден сосед, кој има неверојатна смисла за хумор и е вљубен во слем поезија.

Тие брзо стануваат пријатели и веднаш чувствуваат дека постои хемија меѓу нив, но одеднаш ќе откријат голема тајна заради која нивната љубовна приказна станува забранета.

3-knigi-od-kolin-huver-shto-kje-ve-ostavat-bez-zborovi-02.jpg

„Без Мерит“

Мерит Вос живее со своето семејство во пренаменета стара црква, која татко ѝ ја нарекува Долар Вос.

Нејзиниот дом е сè, само не е нормален. Мајка ѝ по борбата со ракот се преселила во подрумот на куќата, а татко ѝ се оженил со медицинската сестра што се грижела за неа.

На малиот полубрат на Мерит не му е дозволено да јаде каква било детска храна, а нејзините постари браќа и сестри се перфектни во секоја смисла на зборот.

Еден ден Мерит сосема случајно ќе го запознае Саган, момчето што ненадејно ќе ја бакне, а таа подоцна ќе дознае дека е во врска со нејзината сестра близначка Хоуп и дека тој ден не сфатил дека ја бакнува сестра ѝ.

Проблемот настанува кога Мерит нема да може да престане да мисли на дечкото на сестра ѝ, а работите дополнително ќе се закомпликуваат кога Хоуп ќе одлучи да го донесе Саган да живее во нивната семејна куќа.

3-knigi-od-kolin-huver-shto-kje-ve-ostavat-bez-zborovi-03.jpg

„9-ти ноември“

Уште еден роман на Колин Хувер што ќе ве остави без зборови.

Фалон и Бен се запознаваат ден пред таа да се пресели на другиот крај на државата. Меѓу нив постои одредена хемија, заради што таа ќе одлучи последниот ден во Лос Анџелес да го помине со него.

Исполнетиот живот на Фалон станува инспирација за следниот роман, а тие се договараат во следните години секогаш да се среќаваат на истиот датум.

Но, една година Фалон почнува да се сомнева дали Бен ѝ ја кажува вистината или создава совршена реалност за да добие совршен пресврт на настаните во приказната.

Дали нивната приказна ќе заврши како љубовна приказна или Фалон ќе остане со скршено срце.

3-knigi-od-kolin-huver-shto-kje-ve-ostavat-bez-zborovi-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...

Најчитани неделава