3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате

Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во странство во надеж за подобра иднина, роман за голготата низ која поминуваат жртвите на врсничкото насилство, но и историски роман за судбината на Евреите... Три сосема различни романи што ќе ве освојат на прва.

3-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-sledniot-prodolzhen-vikend-01.jpg

Оваа недела ви предлагаме 3 сосема различни романи, кои не се ставени заедно заради некаква жанровска корелација.

Eдноставно сакавме да ви дадеме малку поширок избор, за да можете полесно да одлучите што би можеле да прочитате.

Станува збор за одлични книжевни остварувања за кои вреди да одвоите време и внимание.

Погледнете во продолжение кои 3 книги ви ги предлагаме:

„Воздишката на Сузана“ - Јакуба Каталпа

Дејствието на романот се случува за време на нацистичката окупација на Чехо-словачка.

Приказната започнува кога Сузана, Хануш и Јан се деца. Сите се другари.

Таа е вљубена во еден од нив, а двајцата ја сакаат неа.

Како ќерка на сопственикот на фабрика за шеќер на Сузана не ѝ недостасува ништо, но со почетокот на германската окупација таа мора да созрее.

Како припадничка на еврејската заедница, нејзината судбина е предодредена во новото доба – транспортација во концентрационен логор.

Нејзините најдобри пријатели остануваат во малото место каде што израснале, но избираат различни правци.

По враќањето од концентрациониот логор Сузана ќе мора да се соочи со промените што настанале во нејзиното отсуство и да си докаже дека во нејзиното срце сѐ уште има место за љубов и покрај сѐ што преживеала.

3-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-sledniot-prodolzhen-vikend-02.jpg

„Невидлив“ - Елој Морено

Кој од нас не посакал во еден миг да може да биде невидлив? Кој не посакал да не биде невидлив во нечии очи?

Приказна за едно дете кои за да спаси од суровата реалност што го опкружува и насилството што го трпи посакува да стане невидливо.

Тоа е невидливо за оние што треба да му помогнат, но многу видливо за силеџиите кои го користат секој миг за да си ја докажат сопствената мож врз него.

Приказна раскажана низ призма на насилникот и жртвата, која нѐ учи дека никој не е невидлив, ако другите не му помогнат да стане таков.

3-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-sledniot-prodolzhen-vikend-04_copy.jpg

„Помеѓу“ - Кристина Гавран

Главните ликови се Хрвати, но во нив може да се препознаат сите оние што ја напуштиле татковината во потрага по подобра иднина.

Приказна што е мошне поучна и ќе ве освести ако сте од оние што размислуваат дека некаде подалеку од дома ве очекува поубава и поблескава иднина.

Марко е студент по економија кој заминува во Англија и се населува во Англија во Бирмингем.

Во желба да најде начин да ги исплати кредитите, тој почнува да се занимава со градежништво.

Набрзо потоа му се придружува и неговата девојка Сандра, која во Англија доаѓа со замислата дека животот ќе го помине во пиење англиски чај.

Но, таа набрзо мора да се соочи со реалноста и дека со оглед на тоа што не може да најде работа на струка, мора да се задоволи да работи на шалтер на автобуска станица.

3-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-sledniot-prodolzhen-vikend-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава