Стефанија од Штип, студентка по медицина: „Кога не учам, читам трилери - кои се моите топ 3 омилени книги?“
„Јас сум девојка која живее со книгите - тие се мојот одмор, мојата инспирација, моето тивко прибежиште. Мојата безвременска книжевна љубов е и ќе остане Крис Картер – автор кој совршено ја познава темната страна на човекот, а сепак секогаш нè враќа кон човештината“, вели Стефанија Алексов (24) од Штип за CRNOBELO.com.
Стефанија Алексов (24) од Штип е студент на петта година по општа медицина и огромен вљубеник во книгите.
Таа за својата љубов кон книгите за CRNOBELO.com вели:
„Јас сум девојка која живее со книгите – тие се мојот одмор, мојата инспирација, моето тивко прибежиште.
Моето книжевно патување започна кога имав само 17 години. Едно обично попладне, сосема случајно, кога во рацете ми се најде мојот прв трилер.
Од тој момент, читањето стана моја секојдневна потреба, како здивот после напорен ден или шолја тивко кафе во раните утрински часови.
Во паузите од учење, помеѓу обврските и секојдневието, јас секогаш посегнувам по трилер.
Тоа е жанрот кој најмногу ми одговара, доволно возбудлив за да ме држи будна до доцна, но и доволно длабок за да ме натера да размислувам, анализирам, да се изгубам во психолошките лавиринти на ликовите.
Сметам дека трилерот не е само адреналин - тој е и уметност. Уметност на темпото, на напнатоста, на тишината помеѓу зборовите.
Тоа се книги што не само што се читаат, туку и се чувствуваат. Кога читам добар трилер, јас сум таму – со ликот, во мракот, меѓу вистините и лагите, чекор до вистината, чекор од пропаста.
Секогаш ми е тешко да издвојам омилени бидејќи секоја книга ми дава нешто поинакво, нешто свое.
Ако треба да издвојам топ три трилери кои оставиле траен впечаток врз мене, тоа би биле:
„Јавувачот“ – Крис Картер
Книга што го крши срцето и логиката во исто време. Мрачна, интензивна и со врвен заплет, како што само Картер знае да раскаже.
Ликот на Роберт Хантер е симбол на интелигенција, интуиција и борба со темните страни на човековата природа.
Уште две предлог книги на следната страница....
Би можело да ве интересира:





