Стефанија од Штип, студентка по медицина: „Кога не учам, читам трилери - кои се моите топ 3 омилени книги?“

„Оддел Д“ – Фрида МекФаден

Медицински психолошки трилер што ткае хорор и реалност во едно.

Како студент по медицина, оваа книга особено ми се приближи, затоа што не само што е возбудлива, туку и многу реална, блиска и ментално вознемирувачка на најдобар можен начин.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-knigi-02.jpg

„Мило мое дете“ – Роми Хаусман

Емотивно силна, морничава и непредвидлива приказна за заробеништво, идентитет и ослободување.

Хаусман има редок талент да пишува тивко, но да одекнува силно. Книга што ја држев во раце со треперливи прсти до последната страница.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-knigi-003.jpg

Инаку, мојата безвременска книжевна љубов е и ќе остане Крис Картер – автор кој совршено ја познава темната страна на човекот, а сепак секогаш нè враќа кон човештината. Неговите книги од серијалот со Роберт Хантер се задолжителна литература за секој што сака паметен, психолошки и совршено структуриран трилер.

Покрај него, со огромно восхитување ги читам и Себастијан Фицек, Фрида МекФаден, Роми Хаусман, па дури и некои скандинавски автори, кои носат со себе една поинаква студена тензија.

На сите што досега не се нурнале во светот на трилерите, топло им препорачувам да му дадат шанса.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-05.jpg

Секоја добра трилер книга е како лавиринт – ќе те изгуби, ќе те збуни, ќе те предизвика, но на крајот – ќе те ослободи.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-06.jpg

Прочитајте и 3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Мелиса од Скопје: „Имам 150 книги, цртам бележници според кориците - кои се моите 3 омилени трилери?... „Нешто што почна како хоби, прерасна во голема љубов и уште поголема домашна биб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg