Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стефанија од Штип, студентка по медицина: „Кога не учам, читам трилери - кои се моите топ 3 омилени книги?“

„Јас сум девојка која живее со книгите - тие се мојот одмор, мојата инспирација, моето тивко прибежиште. Мојата безвременска книжевна љубов е и ќе остане Крис Картер – автор кој совршено ја познава темната страна на човекот, а сепак секогаш нè враќа кон човештината“, вели Стефанија Алексов (24) од Штип за CRNOBELO.com.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-01.jpg

Стефанија Алексов (24) од Штип е студент на петта година по општа медицина и огромен вљубеник во книгите.

Таа за својата љубов кон книгите за CRNOBELO.com вели:

„Јас сум девојка која живее со книгите – тие се мојот одмор, мојата инспирација, моето тивко прибежиште.

Моето книжевно патување започна кога имав само 17 години. Едно обично попладне, сосема случајно, кога во рацете ми се најде мојот прв трилер.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-04.jpeg

Од тој момент, читањето стана моја секојдневна потреба, како здивот после напорен ден или шолја тивко кафе во раните утрински часови.

Во паузите од учење, помеѓу обврските и секојдневието, јас секогаш посегнувам по трилер.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-03.jpeg

Тоа е жанрот кој најмногу ми одговара, доволно возбудлив за да ме држи будна до доцна, но и доволно длабок за да ме натера да размислувам, анализирам, да се изгубам во психолошките лавиринти на ликовите.

Сметам дека трилерот не е само адреналин - тој е и уметност. Уметност на темпото, на напнатоста, на тишината помеѓу зборовите.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-07_copy.jpeg

Тоа се книги што не само што се читаат, туку и се чувствуваат. Кога читам добар трилер, јас сум таму – со ликот, во мракот, меѓу вистините и лагите, чекор до вистината, чекор од пропаста.

Секогаш ми е тешко да издвојам омилени бидејќи секоја книга ми дава нешто поинакво, нешто свое.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-dela-02.jpeg

Ако треба да издвојам топ три трилери кои оставиле траен впечаток врз мене, тоа би биле:

„Јавувачот“  – Крис Картер

Книга што го крши срцето и логиката во исто време. Мрачна, интензивна и со врвен заплет, како што само Картер знае да раскаже.

Ликот на Роберт Хантер е симбол на интелигенција, интуиција и борба со темните страни на човековата природа.

stefanija-od-shtip-studentka-po-medicina-koga-ne-ucham-chitam-trileri-koi-se-moite-top-3-omileni-knigi-01.jpg

Уште две предлог книги на следната страница....



Би можело да ве интересира:

Три морничави трилери од Тереза Дрискол за љубителите на мистерии Киднапирање, закани, обид за убиство и семејни тајни... Писателката Тереса Дриск...
3 книги од Иво Андриќ што вреди да ги прочитате „Деца“, „Госпоѓицата“, „Травничка хроника“... Кои книжевни дела на Иво Андриќ вр...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...
3 морничави трилери од Себастијан Фицек што мора да ги прочитате пред неговото доаѓање во Скопје По огромниот успех доживеан со секоја напишана книга, Себастијан Фицек доаѓа во ...
Промоцијата на вториот роман на 23-годишниот писател Павел Миленковски – Рогоз На 5 февруари 2024 година, Домот на млади во Штип беше домаќин на незаборавна кн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg