Лоба на руски јазик, Катарина од македонски автор - Кои книги ги читаат познатите Македонци во лето 2025?
Што читаат Едина Муса или Катарина Ивановска ова лето? Погледнете кои книги ги споделија на социјалните мрежи... можеби некоја ќе сакате да ја прочитате и вие.

За многумина читањето книги е љубов која трае преку целата година, други, пак, обожаваат да читаат преку лето.
Но, каква култура за читање и да имаат Македонците, обично кога се на плажа, сакаат да покажат што читаат во моментот, зашто плажата и е идеално место за читање.
Исклучок не се ни нашите јавни личности. Ова лето дел од нив веќе открија што читаат.
Ова се нивните летни препораки:
Викторија Лоба чита две психолошки книги на руски јазик - „Преобразување на реалноста“ од Владимир Зеланд и „Феноменот на самотијата“ од Карл Јунг
„Преобразување на реалноста“ е трансформативна книга која дава длабоки увид и практични вежби за да ви помогнат да се движите низ брановите на реалноста и да ги манифестирате вашите желби.
Книгата има за цел да ја промени вашата перспектива и да ви помогне да го создадете животот на вашите соништа.
Авторот истражува теми како што се важноста на намерата, улогата на верувањата во обликувањето на реалноста и како да се движите низ просторот на варијациите за да го привлечете тоа што го сакате.

„Феноменот на самотијата“ е едно од најнеобичните дела во научното наследство на Јунг, сместено на раскрсницата меѓу филозофијата, психоанализата, културните студии и религијата.
Јунг се свртува кон симболичкото претставување на менталната нестабилност, чиј идеален историски пример, според неговата теорија, е Исус Христос.

Едина Муса чита три книги: „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс, „Подмолна убавина“ од Ребека Џејмс и „Тристан умира“ од Антонио Табуки
Дејствието во „Париската библиотека“ се случува во 1939-та година.
На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции.
Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници.
Сè што на Одил ѝ е драго, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент.
„Подмолна убавина“ го следи животот на Кетрин, мистериозна и повлечена девојка која изгледа како никогаш да не се забавува.
Таа сака да избега од своето мрачно минато во кое многу страдала поради убиството на својата помала сестра Рејчел.
Најпопуларната и најшармантна девојка во училиштето Алис, одеднаш ѝ станува најдобра другарка на Кетрин.
Осаменоста и депресијата во која запаѓа поради смртта на сестра и, ја оддалечува од нејзините врсници и Кетрин едноставно сака да биде меѓу луѓе коишто ќе ѝ дозволат да се чувствува младо, слободно па и по малку будалесто.
„Тристан умира“ е приказна за последните денови на еден смртно болен човек, кој и самиот е свесен дека неговото време истекува, па повикува писател покрај себе за да ја раскаже својата животна приказна.

