Лоба на руски јазик, Катарина од македонски автор - Кои книги ги читаат познатите Македонци во лето 2025?

Композиторот и продуцент Зоран Алексиќ ја чита „Уметноста на војувањето“ од Сун Цу

Напишана во 5 век п.н.е., „Уметноста на војувањето“ на Сун Цу останува најмоќниот стратегиски текст во историјата.

Ова древно кинеско ремек-дело првично било создадено како прирачник за генерали и војсководци, но неговите принципи денес се применуваат во бизнисот, политиката, лидерството и секојдневниот живот.

Во оваа книга ќе најдете клучните тактики на војување и победување, како да победите без да влезете во директен судир, зошто моќта се гради на мудрост и стратегија, а не на сила, како да управувате со кризи и да ги надминете противниците со минимални загуби...

Оваа книга инспирирала не само воени лидери како Наполеон, туку и современи менаџери, политички стратези и претприемачи.

Без разлика дали сакате да ја користите во личниот развој, бизнисот или политиката, книгата е водич што нуди безвременска мудрост за секој што сака да биде чекор пред другите.

loba-na-ruski-jazik-katarina-od-makedonski-avtor-koi-knigi-gi-chitaat-poznatite-makedonci-vo-leto-2025-04.jpg

Катарина Ивановска - „Тони“ од Румена Бужаровска

Тони е поранешен рокер од Скопје, 53-годишен маж кој и понатаму живее со мајка му, а работи во државна институција.

Има две деца од различни жени, но со нив нема никаков контакт.

Иако е веќе остарен, на моменти се однесува како тинејџер. Ги знае сите градски фаци, зашто и самиот е еден од нив.

Во текот на пандемијата, ненамерно, но сепак по своја вина, предизвикува неколку настани кои освен што го менуваат неговиот животот, влијаат и на луѓето околу него.

На моменти романот е комичен, на моменти брутално искрен и трагичен.

loba-na-ruski-jazik-katarina-od-makedonski-avtor-koi-knigi-gi-chitaat-poznatite-makedonci-vo-leto-2025-03.jpg

loba-na-ruski-jazik-katarina-od-makedonski-avtor-koi-knigi-gi-chitaat-poznatite-makedonci-vo-leto-2025-06.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава