3 книги за фатална љубов, кои ќе ве вратат во времето на најголемите книжевни класици

Фатална љубов за мажена жена и младиот љубовник, приказна за скептичен 40-годишен маж кој не верува во љубовта на 20 години помлада жена и модерна бајка за воен офицер кој е растргнат меѓу кариерата и страста кон жените... книги кои, секако, мора да ги прочитате.

3-knigi-za-fatalna-ljubov-koi-kje-ve-vratat-vo-vremeto-na-najgolemite-knizhevni-klasici.jpg

Кога ќе се споменат љубовните класици, прво ќе се сетите на руските ремек-дела, на Шекспир... но, романската литература има подеднакво импресивни книги посветени на љубовта.

Овој пат ви препорачуваме три романи, кои иако се пишувани на почетокот на 20-тиот век, ќе ве вратат во времето на најголемите светски љубовни класици и ќе ви направат да ви е топло околу срцето.

Кои романи да ги прочитате?

„Дона Алба“, Џиб Михаеску

Дона Алба“ се смета за еден од најголемите љубовни романи во романската и европската литература на ХХ век, но тој е повеќе од љубовен роман.

Главните ликови во овој роман се фатална жена и вљубен млад човек, кој е подготвен да направи сè заради неа.

Дејствието се случува во Букурешт, меѓу двете светски војни, а Џиб Михаеску раскажува модерна приказна за принцези, принцови и просјаци, за жените, парите и кариерите, сместена во тоа време.

Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант ќе му го промени животот на младиот Михаи Аспру  засекогаш.

Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, Михаи е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза.

Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи, каде „принцезата“ ја чува „змеј“, односно нејзиниот сопруг?

3-knigi-za-fatalna-ljubov-koi-kje-ve-vratat-vo-vremeto-na-najgolemite-knizhevni-klasici-03.jpg

„Адела“, Гарабет Ибраилеану

Во овој роман, главна тема е љубовта, искушенијата, судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип.

Суштината на романот е анализата направена од четириесетгодишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликатниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена која е 20 години помлада од него.

Напишан во прво лице еднина, романот го претставува нараторскиот јунак, кој не само што раскажува, туку и безмилосно се самоанализира.

3-knigi-za-fatalna-ljubov-koi-kje-ve-vratat-vo-vremeto-na-najgolemite-knizhevni-klasici-04.jpg

„Русинката“, Џиб Михаеску

„Русинката“ се смета за вистинско ремек-дело на еден од најголемите романски класици и се вбројува меѓу најдобрите воени романи на европската литература, воен роман во форма на модерна бајка.

Дејството се одвива на границата меѓу Романија и Русија, брзо по Октомвриската револуција.

Романски офицер, растргнат меѓу воените обврски и својата страст спрема жените, кои му се најголема опсесија, бара идеална жена.

Сликата за неа ја создал во својата глава, а ја изградил со читањето класични романи од руски автори.

Потрагата по идеалната жена се претвора во своевидна детективска приказна, на чија заднина се откриваат многу човечки судбини.

3-knigi-za-fatalna-ljubov-koi-kje-ve-vratat-vo-vremeto-na-najgolemite-knizhevni-klasici-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава