Три нови книги за Херкул Поаро, инспирирани од славниот детектив на Агата Кристи

Три мистериозни случаи на убиство и во трите главен протагонист е славниот Херкул Поаро. Но, станува збор за нови книги, напишани од Софи Хана, а инспирирани од детективот кој го измисли Агата Кристи на почетокот на 20-тиот век. Дали би ги прочитале?

tri-novi-knigi-za-herkul-poaro-inspirirani-od-slavniot-detektiv-na-agata-kristi-01.jpg

Софи Хана е британска писателка и поетеса која се прослави пишувајќи книги за Херкул Поаро.

Инспирирана од славниот детектив, кого Агата Кристи го креираше пред повеќе од 100 години, а чие име го користеше во 33 новели и 51 расказ, Хана сега напиша 5 нови книги со случаи кои ги решава белгискиот детектив.

Три од овие книги, кои добија позитивна оценка и од критичарите и од читателите, ви ги препорачуваме денес...

tri-novi-knigi-za-herkul-poaro-inspirirani-od-slavniot-detektiv-na-agata-kristi-02_copy.jpg

„Убиствата во Кингфишер Хил“

Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер Хил.

Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството.

Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.

При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена.

Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија.

Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.

tri-novi-knigi-za-herkul-poaro-inspirirani-od-slavniot-detektiv-na-agata-kristi-04.jpg

„Мистеријата на трите четвртини“

Враќајќи се од ручек, еден ден пред својот дом, Херкул Поаро, затекнува налутена и бесна жена.

Таа инсистира детективот да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала, ниту го видела во животот.

Ни Поаро нема чуено за такво лице, а уште помалку обвинил некого за неговото убиство.

Видно вознемирен влегува дома, каде што го чека уште еден непознат посетител, кој, исто така, тврди дека утрото примил писмо со обвинение од Паоро за убиството на Барнабас Панди.

Зачуден и изненаден, Поаро се прашува уште колку такви писма се испратени во негово име. Кој и зошто ги испратил?

И што е уште поважно, кој е Барнабас Панди, дали е навистина мртов и, ако е, дали се работи за убиство?

tri-novi-knigi-za-herkul-poaro-inspirirani-od-slavniot-detektiv-na-agata-kristi-05.jpg

„Убиства со монограм“

Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена.

Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.

Истата вечер, во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче.

Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена?

И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.

tri-novi-knigi-za-herkul-poaro-inspirirani-od-slavniot-detektiv-na-agata-kristi-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава