Дијана од Кавадарци има библиотека од 1.200 книги, месечно дава 4.000 денари за нови - Кои ѝ се омилени дела?

„На почетокот не купував книги, бев редовен посетител на градската библиотека и секогаш носев дома нови приказни. Но, пресвртот дојде во средно училиште, кога на натпревар по македонски јазик ја добив книгата „Загубената ќерка“ од Дајен Чемберлен', вели Дијана Јовановска, за CRNOBELO.com.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-01.jpg

Дијана Јовановска (30) од Кавадарци, која веќе некое време живее во Штип, откако се омажи, е креатор на букстаграм профилот @dijanaslibrary, каде што, со своите пријатели и следбеници, ја споделува својата љубов кон читањето.

А таа е толку голема, што Дијана веќе има домашна библиотека од 1.200 книги, која секој месец расте, зашто месечно купува по неколку нови дела и во просек троши околу 4.000 денари за книги.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-04.jpg

За својата љубов кон читањето, за CRNOBELO.com, Дијана вели:

„Букстаграм профилот е мое мало, но постојано растечко катче исполнето со книги, емоции и приказни.

Профилот го создадов од чиста љубов кон фотографирањето книги и пишувањето рецензии, како начин да ги зачувам сите мои впечатоци на едно место.

Со текот на времето, тоа катче прерасна во простор каде што, не само што ги споделувам моите мисли, туку и се поврзувам со луѓе кои ја делат истата страст.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-10.jpg

Љубовта кон книгите кај мене не се роди одеднаш,  таа тивко растеше, вечер по вечер, во детството, благодарение на мајка ми.

Таа ми ги читаше најубавите приказни пред спиење, и тој мал ритуал стана наш посебен свет во кој зборовите имаа магија, а приказните срце.

Токму таму, меѓу тие страници, се роди мојата љубов кон пишаниот збор.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-08.jpg

Омилени книги од моето детство ми се сите дела од Горјан Петревски, „Марта“, „Исти очи“ и многу други приказни што ми го обележаа растењето.

Неговите книги ми беа првите вистински емотивни средби со литературата, оние што те учат да чувствуваш, да сочувствуваш и да ја гледаш љубовта и животот со посебна длабочина.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-02.jpeg

На почетокот не купував книги, бев редовен посетител на градската библиотека и секогаш носев дома нови приказни.

Но, пресвртниот момент дојде во средно училиште, кога на натпревар по македонски јазик ја добив книгата „Загубената ќерка“ од Дајен Чемберлен.

Тоа беше почетокот на една убава „опсесија“ и од тогаш книгите не се само љубов, туку и страст, задоволство и дел од моето секојдневие.

dijana-od-kavadarci-ima-biblioteka-od-1-200-knigi-mesechno-dava-4-000-denari-za-novi-koi-i-se-omileni-dela-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Билјана, директорка на библиотека во Делчево: „Најмногу плачев на 'Белото циганче' - Кои 3 книги ми ... „Скоро и да не правам пауза со читањето, читам во континуитет. Во последно време...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава