Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени?“
Искрено, кога станува збор за жанр, морам да кажам дека читам сè.
Сакам да мешам жанрови и книги, така што, мојот вкус би го опишала како разновиден.
Секогаш стојам зад тоа дека од секоја книга можете да научите нешто, па затоа сакам да читам различни книги и да откривам многу светови кои носат различни перспективи.

Омилен автор ми е Карлос Руиз Зафон, неговите книги ги чувствувам како да биле пишувани токму за мене.
Го обожавам секое едно зборче кое доаѓа од неговото перо.
Имам многу омилени автори и книги, но Карлос секогаш ќе го има првото место.

Во 2018 година сфатив дека ми фалеше простор каде што ќе можам да ја споделувам таа љубов кон книгите со што повеќе луѓе, па така се роди профилот „Продолжи да читаш“ на Инстаграм.
Таму запознав многу читатели, автори, издавачи од Македонија, но и од целиот свет и многу сум благодарна што ме следат и им се допаѓа она што го правам.

Тоа е моето среќно место каде што споделувам рецензии, цитати од книгите кои ми оставиле впечаток, правопис на македонскиот јазик, интервјуа со автори, многу соработки со автори и издавачи, многубројни дарувања за читателите, секакви новости поврзани со книгите и, од неодамна почнав и еден серијал во кој ќе ги претставувам дијалектите на македонски јазик.
Секоја фотографија, текст, рецензија... сè е мое и правено со многу љубов и труд. И не би го заменувала за ништо на светот!

Сметам дека секоја книга доаѓа во наши раце во вистинскиот момент, кога најмногу ни е потребна.
Така што, навистина се надевам дека ќе се одлучите да влезете во светот на книгите, макар и срамежливо.
Ќе дојде момент кога ќе ја сфатите магијата на читањето и приказните, а тоа е најголемиот дар кој можете да си го подарите на самите себе“.
