Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени?“

„Оркански височини“ од Емили Бронте

Ова е готска и незаборавна приказна за љубовта, опсесијата и одмаздата.

Преку сложениот однос помеѓу Кетрин Ерншо и Хитклиф, Емили Бронте напишала роман што и денес ги освојува читателите со својата емоционална сила и мрачна атмосфера.

Ова е книга која те остава со нежна меланхолија. Ја обожавам со целото мое срце!

andriana-od-bitola-imav-biblioteka-od-1-000-knigi-pola-morav-da-gi-razdadam-koi-5-mi-se-omileni-26.jpg

„Солзотворец“ од Ерин Дум

Книгата нè носи во свет исполнет со тајни, легенди и емоции.

Кога Ника конечно го напушта сиропиталиштето Грејв, верува дека ги остава зад себе сите стравови од детството.

Но, минатото не исчезнува така лесно, особено кога е врзано за Ригел - момче кое истовремено ја привлекува и ја плаши.

Ова е приказна за љубовта, болката и исцелувањето.

Една од оние приказни кои навестуваат идни препрочитувања за да се навратите на сите поуки, пораки и прекрасни цитати. Книга која ќе ве допре како ниедна друга.

andriana-od-bitola-imav-biblioteka-od-1-000-knigi-pola-morav-da-gi-razdadam-koi-5-mi-se-omileni-10.jpg

„Крадецот на бакнеж“ од Л. Џ. Шен

„Крадецот на бакнежи“ е современа романса исполнета со интриги и опасни игри на моќ.

Франческа Роси живее живот кој другите го контролираат, сè до моментот кога на нејзиниот пат се појавува сенаторот Вулф - човекот што најмногу треба да го мрази.

Она што започнува како присилен однос полн со недоверба и судири постепено прераснува во нешто многу посложено.

Роман кој совршено ги спојува забранетата љубов, семејните тајни и борбата за сопствена слобода.

Приказна која ќе ве остави без здив и со растреперно срце, каде што со секое поглавје, Франческа и Вулф ќе ве вовлечат подлабоко во нивниот свет - свет каде страста и болката се испреплетени на начин што не се заборава.

Најтопла и мрачна препорака од мене!

andriana-od-bitola-imav-biblioteka-od-1-000-knigi-pola-morav-da-gi-razdadam-koi-5-mi-se-omileni-24.jpg

„Атмосфера“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Ова е приказна за соништата, науката и љубовта.

Кога Џоан Гудвин станува дел од НАСА, пред неа се отвора свет за кој отсекогаш сонувала.

Но, додека ја гради својата кариера и ги создава најважните пријателства во животот, се соочува и со чувства што не ги очекувала.

А една клучна мисија ќе ни покаже колку е тенка линијата помеѓу она што го планираме и она што ни го подготвува животот.

Ова не е книга која се чита со очите, туку со срцето.

andriana-od-bitola-imav-biblioteka-od-1-000-knigi-pola-morav-da-gi-razdadam-koi-5-mi-se-omileni-22.jpg

Сите дела на Петре М. Андреевски

Петре зад себе оставил непроценливо богатство на македонската литература, кое треба да се чува и негува.

Неговите дела се длабоко вкоренети во македонскиот идентитет и, преку богат и моќен јазик, допираат теми како љубовта, страдањето, достоинството и човечката добрина.

Длабоката емотивност се чувствува на секоја страница, а преку неговото творештво тој успева да ги преточи животните дилеми и лекции.

Моралот, вредностите и добрината се ѕвезда водилка низ страниците на овој великан.

Дела што секој треба да ги прочита барем еднаш во животот.

andriana-od-bitola-imav-biblioteka-od-1-000-knigi-pola-morav-da-gi-razdadam-koi-5-mi-se-omileni-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава