Билјана, директорка на библиотека во Делчево: „Најмногу плачев на 'Белото циганче' - Кои 3 книги ми се омилени?

„Папата Јована“ – Дона Вулфолк Крос

Историски роман инспириран од легендата за Јована – жена која преправена во маж, успева да се искачи до највисоката црковна функција и да стане папа.

Книгата го следи нејзиниот живот исполнет со љубов, борба за знаење и спротиставување на строгите правила на средновековното општество.

Романот отвара прашања за верата, моќта и положбата на жените.

П. С. Јас и понатаму верувам дека ова е вистинска приказна и дека Јована била папа.

biljana-petrovska-chitam-postojano-najmnogu-plachev-na-lektirata-beloto-ciganche-koi-3-knigi-mi-se-omileni-02.jpg

„Сите цвеќиња во Париз“ – Сара Џио

Топла и инспиративна приказна која се одвива во два временски периода. Современа жена по губење на меморијата, се преселува во стар стан во Париз каде открива писма од Втората светска војна.

Преку нив ја дознава судбината на една храбра жена и нејзиното семејство.

Роман за љубовта, надежта, загубата и силата на човечкиот дух.

biljana-petrovska-chitam-postojano-najmnogu-plachev-na-lektirata-beloto-ciganche-koi-3-knigi-mi-se-omileni-03.jpg

„Калуѓерот што го продаде своето ферари“ – Робин Шарма

Инспиративна книга за успешниот адвокат Џулијан Ментл, кој по сериозна здравствена криза го напушта луксузниот живот и заминува на духовно патување во Хималаите.

Таму учи мудрости за среќата, внатрешниот мир, самодисциплината и вистинските животни вредности.

Книгата нуди практични поуки за исполнет и балансиран живот.

П. С. Кога ја читав, почнав да си запишувам убави мудри изреки, па испадна дека треба да ја препишам целата книга. Топло ја препорачувам на сите.

biljana-petrovska-chitam-postojano-najmnogu-plachev-na-lektirata-beloto-ciganche-koi-3-knigi-mi-se-omileni-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Билјана (24) од Кавадарци: „Одвојував од парите за појадок за да купувам книги, денес имам 450 - Кои... „Како мала, моите родители ми читаа бајки пред спиење. Тоа се едни од моите омил...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...

Најчитани неделава