5 Најскапи книги во светот

Технолошкиот напредок, како интернетот, ја забави продажбата на традиционално печатените книги. Луѓето и понатаму читаат, само што дигиталните изданија станаа повеќе популарни, практични и поевтини опции за читателите, но и за издавачите.

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-1

Но, сепак далеку од тоа дека книгите од хартија ја изгубиле својата цена, а во иднина таа вредност и понатаму ќе расте.

Доказ за тоа се продадените ретко печатени изданија, кои верувале или не, се продаваат за милиони...

Моментално ова се 5-те најскапо продадени книги во светот:

5. „Кентербериски приказни” - Џефри Чосер

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-2

Продадена за 7,5 милиони долари

Станува збор за збирка приказни напишани од страна на Џефри Чосер кон крајот на 14-от век. Првото печатено издание на оваа книга е продадено за 4,6 милиони фунти или околу 7,5 милиони долари во тоа време, односно во Лондон во 1998 година. Вкупно познати се 10 примероци од тоа прво издание, а последното кое се наоѓа во приватна сопственост е купено во 1776 година за само 6 фунти.


4. „Птици на Америка” - Џон Џејмс Одибон

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-3

Продадена за 11,5 милиони долари

Во оваа книга се содржани илустрации на разни птици од Соединетите држави, а на светот постојат само 119 целосни копии. Една од нив е продадена во јануари 2012 година за 7,9 милиони долари, друга пак е продадена во 2000 година за 8,8, милиони долари, а најскапиот примерок е продаден во декември 2010 година за неверојатни 11,5 милиони долари.


3. „Евангелие на Хенри Лав” - Свети Бенедикт

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-4

Продадена за 11,7 милиони долари

Во 1983 година германската влада во Лондон ја купила оваа книга за 8.140.000 фунти или околу 11,7 милиони долари. Книгата има 266 страници, од кои 50 страници се исполнети со илустрации. Овој единствен примерок се смета за ремек дело на 12-от век.


2. „Евангелието на Св. Катберт” - Непознат автор

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-5

Продадена за 14, 3 милиони долари

Станува збор за џебна книга од 7-от век, напишана на латински јазик. Со убаво украсени и средени кожни корици, оваа книга е еден од најмалите преживеани англосаксонски ракописи. Во 2012 година, откако лансирале кампања за собирање пари за да ја купат книгата, „British Library” сега ја поседуваат најзначајната книга на светот, а таа ги чинела 14,3 милиони долари.


1. „Лестерски кодекс”- Леонардо да Винчи

5-najskapo-prodadeni-knigi-vo-svetot-6

Продадена за 30,8 милиони долари

Најпознатата книга на Да Винчи е всушност бележник од 72 страници и напишана е рачно, а се состои од неговите мисли, идеи и цртежи.

Во 1994 година Бил Гејтс ја купил оваа книга на аукција за 30,8 милиони долари, што ја прави најскапо продадена книга на сите времиња. Гејтс набрзо ја скенирал и таа е сега достапна во остатокот од светот. 

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава