5 Книги кои секој интелектуалец треба да ги прочита

Библиофили се луѓе кои навистина ги разбираат и сакаат книгите, а според нив ова се топ 5 книги кои секој интелектуалец мора да ги има прочитано.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-1.jpg

Овие книги ќе ви го направат вашиот живот значително подобар и ќе ви отворат многу нови хоризонти:

1. „Девојката од возот” - Паула Хокингс

Книгата ја раскажува приказната на девојката по име Рејчел, која секое утро гледа еден маж и една жена како се бакнуваат во дворот од нивната куќа, додека таа оди на работа. Еден ден, таа ја гледа жената како бакнува друг маж и тогаш нејзиниот живот излегува од контрола.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-2


2. „Американски снајперист” - Крис Кајл

Ако сакате да погледнете одблиску како изгледа да се биде во војска, тогаш оваа книга дефинитивно треба да ја прочитате. Крис Кајл е најдобриот снајперист во војската. Оваа книга ја раскажува неговата книга и следниот пат кога ќе видите војник, ќе посакате да се заблагодарите за неговата должност.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-3-


3. „Момците во чамецот” - Даниел Џејмс Браун

Станува збор за вистинска приказна за еден тим кој се борел да го освои златото на Олимписките игри во Берлин во 1963-тата година. Тимот се состои од деца кои растеле за време на Големата Депресија (1929-1933). Животното искуство од нив создава вистински мажи, кои ќе ви дадат голема инспирација.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-4


4. „Дива” - Шерил Стрејд

Велат книгите се подобри од филмот, па затоа пред да го погледнете филмот, прво прочитајте ја оваа книга од Шерил Стрејд. После нејзиниот развод и смртта на својата мајка, авторката заминува на патување низ Калифорнија и започнува да учи повеќе за себе и својот живот. Таа се враќа дома подготвена да донесе здрави животни одлуки и да живее среќен живот, а со читањето подгответе се и за солзи.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-5


5. „Храна” - Џим Гафиган

Потребен ви е хумор? Оваа книга вистински ќе ве насмее. Авторот зборува за храната и како таа управува со неговиот живот. Сигурно во некои делови ќе се препознаете себеси, или некој член од вашето семејство. Низ хуморот ќе си ги одморите мислите и сигурно ќе ја разбудите креативноста.

preporacano-od-bibliofilite-5-knigi-koi-sekoj-intelektualec-treba-da-gi-procita-6

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава