4 предлог книги од чешкиот автор Милан Кундера

Кога за првпат ќе прочитате дело од еден автор и тоа ќе ве воодушеви, веќе посакувате да дојдете до следното. А делата на култниот автор Милан Кундера се токму такви длабоки, храбри, многу конкретни и лесни за читање.

4-predlog-knigi-od-ceskiot-avtor-milan-kundera-01.jpg

Инспиративни приказни за промените во животот, за љубовта, за постојано само разоткривање и крешењето на табуата и општетсвените стереотипи.

Ако сте љубител на добрата книга и ако досега не сте се запознале со делата на Милан Кундера топло ви препорачуваме неколку дела:

Бесмртност

„Кој не си спомнува од своето детство за тоа колку прекрасно е играњето доктор!“ И покрај тенденцијата да „држи лекции“, „Бесмртност“ нема намера да дидактизира. Како и секогаш, нејзиниот автор докажува дека може да биде господар на оркестрацијата на лајтмотивите. Ништо не е случајно во овој текст. Ниту еден гест, ниту една фраза. Ништо не е случајно во животите на неколкуте pарижани чии судбини се прикажани и испреплетени во овој роман. Две нешта проникнуваат низ оваа книга, смртта и бесмртноста, кои „формираат еден неодвојлив пар“, „многу посовршен од Маркс и Енгелс, Ромео и Јулија“ и неразделните (барем во оваа книга), Гете и Хемингвеј, кои се сретнуваат во рајот и кои дебатираат дали самите тие или нивните книги се тоа што им донело слава и бесмртност. „Наместо да ги читаат моите книги, тие пишуваат книги за мене.“ вели Хемингвеј. „Тоа е бесмртност,“ вели Гете. „Бесмртноста подразбира вечно судење.“

4-predlog-knigi-od-ceskiot-avtor-milan-kundera-02.jpg


Неподносливата леснотија на постоењето

Мајсторски раскажувајќи ги личните приказни на Томаш, Тереза, Сабина, Франц, Кундера ја отсликува и Прага од 1968 година и положбата на интелектуалците таму.Отворајќи го прашањето за тежината на постоењето, Кундера на оваа книга и дава и филозофска димензија, наспроти сетилноста која е присутна низ страниците преку љубовта, болката, страста…Книгата е филмувана во 1988 година, со Жилиет Бинош во улогата на Тереза и Даниел Деј Луис во улогата на Томаш.

4-predlog-knigi-od-ceskiot-avtor-milan-kundera-04.jpg


Смешни љубови

Човек минува низ сегашноста со врзани очи. Смее само да насетува и да погодува, што всушност живее. Дури подоцна му ја одврзуваат шамијата од очи, а тој, загледувајќи се во минатото, сфаќа што живеел и каква смисла имало тоа. Седум интересни приказни за љубовта, страста и еротизмот. Повторно Кундера допира до срцевината на сето она што нè интригирало и нè интересирало, а сме се плашеле да го побараме меѓу испишаните редови на книгите. Како би било страста и сексот да ги доживееме како „role play“, како да сме други играчи во нашата љубов. Можно ли е да ја набљудуваме љубовта отстрана, а сепак да сме ние главните протагонисти во неа. „Не треба постојано да му се навраќаме на минатото. Доволно е што мораме да му посветиме толку време против нашата волја.“ Постои ли етика на љубовта и морализирање пред телото на гола жена со неуспешен обид за самоубиство? Многубројни смешнотрогателни прашања кои се заплеткуваат додека го набљудуваме екранот на смртоносната страст и смртта заради страст.

4-predlog-knigi-od-ceskiot-avtor-milan-kundera-05.jpg


Идентитет

Со овој роман Кундера ги заменува многуте гласови кои ги раскажуваа неговите приказни во претходните романи. Гласовите на ликовите, во „Идентитет“ Кундера ги заменува со линеарна раскажувачка структура. Замислете си да бидете во потрага по својата драга Шантал, ја барате, ја здогледувате, трчате кон неа и на неколку чекори, таа се врти и вие сепак ја здогледувате вашата Шантал, со истото лице, усни, очи, а сепак нејзиниот израз укажува дека пред вас стои некоја друга личност. Дали можеме самите да го смениме својот идентитет? Дали промената на околностите во животот, го менуваат нашиот идентитет на сопрузи, родители, љубовници, смртници…

4-predlog-knigi-od-ceskiot-avtor-milan-kundera-03.jpg


За Милан Кундера

Милан Кундера е роден 1929 г. во Брно, Чешка. Студирал книжевност, естетика, филмска режија, музикологија. Учествувал во Прашката пролет, кусиот период на реформаторски оптимизам. Од 1975 живее во Париз. Поради критиката на општествените и политички прилики во родната земја, неговите дела биле забранувани во Чешка.

Денес е едно од култните имиња на современата книжевност. Во неговата библиографија се запишани: Шега, Смешни љубови, Животот е на друго место, Жак и неговиот господар, Проштален валцер, Книгата на смеата и заборавот, Неподносливата леснотија на постоењето, Бесмртност, Изневерени тестаменти, Бавност, Незнаење, Идентитет и најновото дело издадено во 2005 Завеса.

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg