Мишел Нострадамус – Кој е човекот зад мистеријата?

Мишел Нострадамус е роден во Сен Реми де Прованс, Франција во 1503. Тој студирал медицина, а потоа станал и лекар. Ги лекувал жртвите на чумата низ Франција и Италија. Се занимавал со окултизам, а многу луѓе верувале дека можел да ја предвиди иднината.

mishel-nostradamus-koj-e-covekot-zad-misterijata-01.jpg

Тој своите пророштвата ги пишувал во стихови не биле напишани по хронолошки редослед и биле двосмислени.

Користел псевдоними, симболи, метафори, употребувал стари француски, италијански, грчки и латински зборови, поради што пророштвата биле многу комплицирани за разбирање.

Неговата дарба е опкружена со мистерија и никој не знае на кој начин тој ги добивал визиите за иднината. Според едни ги глеал во кофа со вода, според други му доаѓале на сон како нуспојава на разни опијати што ги користел.

Почнал да се занимава со предвидување на иднина во 1550 година, кога ја објавил првата книга „Алманах“, која тогаш била неговото најпопуларно дело.

Најпознатото негово дело денес е „Пророштва“, која била објавена една година по неговата смрт, во 1557 година.

Нострадамус ги предвидел настаните од 1557 до 3797 година, а од вкупно околу 960 пророштва остварени се само половина. Но, сепак, ова не може да се тврди со сигурност, бидејќи неговите стихови можат да се толкуваат на различни начини.

Некои од неговите најпознати пророштва кои се исполниле во текот на историјата се: Француската револуција, првата железничка, Суецкиот канал, доаѓањето на Хитлер на власт, откривањето на телефонот, авионот, телевизијата и филмот.

Новите пророци ги толкуваат неговите пророштва како производ на неговата имагинација, додека некои ги поврзуваат нивните пророштва со неговите и го даваат сопственото толкување.

Сепак, една работа е сигурна, тој со неверојатна прецизност ја предвидел сопствената смрт.

mishel-nostradamus-koj-e-covekot-zad-misterijata-1.jpg

Ова е единствениот настан кој е утврден со точниот датум, додека за другите не може со сигурност да се одреди датумот или годината. 

Нострадамус своите предвидувања ги базирал врз астрологија, прогнозирање на идните настани преку пресметка на планетите и вселенските тела во однос на Земјата.

Неговите извори вклучуваат пасуси од класичните историчари како Плутарх, како и средновековните хроничари.

Всушност, многу научници веруваат дека тој ги парафразирал древните пророштва за крајот на светот, кои потоа, преку астролошки читања на минатото, ги проектирал во иднина.

Дали Нострадамус навистина бил моќен пророк со посебна дарба да ја предвиди иднината или се работи за идеалист кој само сакал да го смени светот е мистерија која веројатно никогаш нема да биде откриена. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трилери со неизвесен крај: Три одлични книги за продолжениот викенд Стар полициски случај кој се преплетува со сегашноста, жена почината пред 40 год...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три морничави трилери чиј крај ќе сакате што побрзо да го дознаете Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачува...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg