Книги кои заслужуваат да бидат читани и препрочитувани
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
SEO Specialist 26-10-2020


Книги кои заслужуваат да бидат читани и препрочитувани

Читањето на книги е убава навика, која ви ја храни душата. Оваа есен, на вашата „to-do“ листа ставете ги книгите, покрај другите обврски. Читајте што повеќе, откривајте нови светови, секој ден живејте во една нова приказна.

knigi-koi-zaluzuvaat-da-bidat-chitani-i-preprochituvani-01.jpg

Денес ве радуваме со неколку наслови на одлични книги кои оставиле трага и кои заслужуваат да бидат читани и препрочитувани.

Парадоксот на Диоген - Томе Арсовски

Драмата „Парадоксот на Диоген“ е еден од позначајните драмски текстови во македонската литература воопшто. По својата надворешна форма е судска драма.

Таа е конципирана како судски процес низ кој се иследува степенот на вината на главниот лик во оваа драма, младиот инженер Драшко Каровски. Како проектант на хотелот „Сплендид“ и негов непосреден изведувач, Драшко Каровски е обвинет за неговото уривање во кое ги загубиле животите двајца луѓе и е направена голема материјална штета.

Јатката на целокупното драмско дејствие во драмата е прашањето дали воопшто е виновен Драшко Каровски и колку за својата вина е виновен самиот, а колку социјалната средина во која тој опстојува.

„Одделете се макар на чекор од себеси и ќе видите - во ружите освен трње има и ружи.“

knigi-koi-zaluzuvaat-da-bidat-chitani-i-preprochituvani-02.jpg


Полиња со диви нарциси - Винка Саздова

Полиња со диви нарциси е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

„Искажаните зборови се како ветерот. Него не можеш да го заробиш. Можеш само да го пуштиш да дува, да корне, да свири, да игра и да дивее. И откако ќе мине, се прашуваш дали постоел, освен, се разбира, ако остави зад себе пустош. Но пишаниот збор е како морето. Преполн е со изненадувања и нови длабочини. Само што мислиш дека си го допрел дното, ново дно се отвора пред тебе.“

knigi-koi-zaluzuvaat-da-bidat-chitani-i-preprochituvani-03.jpg


Скитникот - Калил Џибран

Калил Џибран е плоден либански писател, кој во раната младост со семејството се преселил во Америка. Неговата прва и најзначајна книга Пророкот, била издадена во 1923 година и доживеала огромен успех. По неа Џибран објавува уште неколку слични книги, кои биле продавани во огромни тиражи, и го поставиле Џибран во првите пет најпродавани писатели на дваесеттиот век.

Една од неговите книги е и збирката раскази под името Скитникот.

Книгата изобилува со мудри изреки и секоја нејзина приказна, има сопствена порака. Голем дел од приказните се метафорични, но нивната едноставност ќе ве одвееде до мудроста која ја кријат, помагајќи ви да ја сфатите суштината на животот, онаква каква што само Џибран може да ја претстави.

„Кога беше осека на песокот нацртав линија и ѝ го дадов своето срце и душа. Се вратив кога беше плима за да го прочитам напишаното и на брегот го најдов своето незнаење.“

knigi-koi-zaluzuvaat-da-bidat-chitani-i-preprochituvani-04.jpeg


Тунел - Петре М. Андреевски

Роман за љубовта и вечната потрага по неа, роман за врските и за нивната (не)успешност, роман за една судбина, тешка, мрачна, но таа и се случува на една жена...

Тројца мажи во животот на една жена кои колку среќа, носат и толку болка. Не откриваме премногу околу ликовите, туку Ви откриваме мал дел од маестралниот ракопис на Андреевски.

„Секој човек си го планира некако животот. Но никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и криви линии, допирните точки, острината на аглите. Не може ни со сигурност да се објасни кај му измрдала либелата. Можеби некој ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може нешто да измени...“

knigi-koi-zaluzuvaat-da-bidat-chitani-i-preprochituvani-05.jpg

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сексот е како парите, само премногу е доволно Џон Апдејк 1932-2009  еден од класиците на американската литература на XX в...
Од читател за читател - донеси стара и земи нова книга Живееме и бараме инспирација во секојдневието, некаква мотивација што ќе не прод...
Одлични книги чии главни ликови излегуваат од шаблонот на обични, здодевни луѓе Доколку вашите фаворити се необични и несекојдневни книжевни ликови кои излегува...

Најчитани неделава