Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпознатите светски писателки

Познатите писателки како Емили Бронте, Агата Кристи, Енид Блајтон и многу други биле важни личности во историјата на литературата. 

Najpoznatite-svetski-pisatelki-04

Прочитајте нешто повеќе за нивните животи и дела:

Мери Волстонкрафт (1759-1797)

Британска писателка, филозоф и феминистка. Најдобро позната по својата книга – „Оправдување за правата на жените“ (1792), која била една од првите книги за рамноправноста на жените и мажите.

Како и многу радикалци, Мери била привлечена од француската револуција. Поради своите дела таа станала водечки либерален писател во тоа време, што било голем успех, бидејќи во тоа време ретко која жена била позната во литературните кругови.

Таа починала при породување, а нејзината ќерка (Мери) стана автор на познатата книга „Франкенштајн“ и сопруга на писателот Перси Шели.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-01


Емили Бронте (1818 - 1848)

Поет и романсиер, позната по својот роман „Орканските височини“. Емили била петто од шест деца, вклучувајќи ги Ана и Шарлот, кои исто така станале писателки.

Од рана возраст, Емили почнала да пишува приказни за имагинарни светови. Во 1847-та година, таа го објавила единствениот роман „Орканските височини“, моќен роман за љубов, омраза, тага и смрт, кој подоцна стана класика на англиската книжевност.

Иако во тоа време нејзината иновативна структура и сложеност воделе до мешани критики.

Изнемоштена во текот на нејзиниот живот, по погребот на нејзиниот брат фатила сериозна настинка. Емили одбивала медицинска помош, поради што починала на 19-ти декември 1848-та година.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-02


Емили Дикинсон (1830 – 1886)

Емили Дикинсон се смета за еден од најголемите поети во Америка, а позната е и по својата необична социјална изолација. Запамтена е по својата уникатна поезија полна со кратки, компактни фрази.

Во текот на животот објавила само седум песни, но по нејзината смрт меѓу нејзините приватни работи била пронајдена збирка со повеќе од 1.000 песни од кои многу не се завршени.

Нејзините песни се карактеризираат со специфичен, уникатен стил, комбинација на рафинирано чувство и супериорен интелект.

Инспирацијата за своите дела ги барала во Библијата, делата на Шекспир и класичната митологија.

Починала во 56-тата година од животот, а нејзината колекција на песни е објавена во 1890-та година во Бостон, четири години по нејзината смрт.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-03


Агата Кристи (1890-1976)

Агата Кристи била британска писателка на криминални романи. Запаметена е по своите детективски приказни за Мис Марпл и Херкул Поаро.

Кристи се смета за најпродаваната писателка на сите времиња.

Само Библијата ја надмина продажбата на нејзините книги. Заплетот на романите на Агата Кристи може да се опише како формулаичен.

Убиствата биле извршени со помош на генијален метод, а честопати бил инволвиран отров, за кој Агата Кристи имала големо познавање.

Психолошката неизвесност во романите и фактот  дека читателот може да го реши случајот несомнено ја зголемија популарноста на книгите. Кристи почина во 1976-та година на возраст од 85 години.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-04


Енид Блајтон (1897- 1968)

Енид Блајтон, исто така позната и како Мери Полок е најуспешниот детски писател на нејзината генерација. Таа напишала над 400 книги за време на својот живот, а нејзините книги се продадени во повеќе од 600 милиони примероци.

Срамежлива во своите односи со јавноста, Енид никогаш не открила многу за својот приватен живот. Нејзиниот татко се надевал дека ќе стане концертен пијанист, но и покрај нејзиниот талент за музика, таа донела одлука да стане детски писател.

Најпознатото дело и е „Famous Five“. Иако не успеа да допре до височините на литературата, нејзините книги биле несомнено многу популарни меѓу децата.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-05


Дафне Ди Морие (1907 –1989)

Доколку Дафне ја напишала само „Ребека“, таа сé уште би била еден од најголемите креатори на популарната култура и современата имагинација.

Нејзините романи за брзо време станале бестселери, со што Дафне заработила огромно богатство и слава. Дури и познатиот Алфред Хичкок има направено филмови според нејзините книги, со што ја направи една од најпознатите писатели во светот.

Освен "Ребека", таа имаше големи успеси и со нејзините романи „Јамајка Ин“, „Мојата братучетка Рејчел“ и „Птици“. Почина на 19 април, 1989 година во својот сакан Корнвол, пет недели пред нејзиниот 82 роденден.

Najpoznatite-svetski-pisatelki-06

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 книги за самопомош што вреди да ги прочитате Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувству...
Трилери со неизвесен крај: Три одлични книги за продолжениот викенд Стар полициски случај кој се преплетува со сегашноста, жена почината пред 40 год...
3 одлични турски романи, за љубителите на историска фикција „Хурем московската наложница“ ја следи животната приказна на Хурем султан, која ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 емотивни биографии на Македонци - за табу темите и борбата за живот Ова се три емотивни книги на млади Македонци, кои се соочиле со најтешката борба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg