3 книги кои вреди да ги прочитате во текот на следниот месец

Времето поминато во читање е најубавото посветено време на себеси. Книгите имаат способност да ве одведат до самиот крај на светот без да морате да направите ниту еден чекор.

Tri-knigi-koi-bi-mozele-da-gi-procitate-vo-tekot-na-sledniot-mesec-01

Голем број од успешните луѓе низ светот самите себеси си задаваат предизвик со кој ќе читаат одреден број книги секој месец.

Ваквата навика им помага да ги отворат своите гледишта и да научат голем број нови работи кои еден ден може да ги искористат, или пак им помага да се одморат и релаксираат после напорниот ден.

Следејќи го нивниот пример ние ви подготвивме еден таков предизвик кој содржи 3 различни книги кои би можеле да ги прочитате во текот на следниот месец.

1. „Од магла на југ до месечина на север“ – Виктор Петрески

Инспириран од историските настани на ХХ век, како и од вековната борба за остварување на своите соништа и идеали, романот ќе прошета низ еден куп светли и темни улици и сцени, преку кои на еден посебен начин ќе можете да ја видите природата на човечкото битие која се движи од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе ве остават со отворена уста.

Колку суровоста на светот може да го промени и најчувствителното срце и од него да направи бесчуствителна личност подготвена на незамисливи злосторства со цел исполнување на цели кои некогаш одамна биле незамисливи.

3-knigi-koi-vredi-da-gi-procitate-vo-tekot-na-sledniot-mesec-3.jpg


2. „И планините одекнаа“ – Халед Хосеини

Прекрасен роман кој ќе ве запознае со сето она кое не го знаете за Авганистан и начинот на живот таму, кој во текот воениот конфликт станува уште полош од што претходно бил. Сосема поинаква култура, сосема поинакви обичаи, претставени преку зборовите на Халед Хосеини ќе ве натераат да размислите за врските меѓу луѓето кои нè дефинираат нас но и нашите животи.

Трогателната приказна за нераскинливата врска меѓу Пари и нејзинот постар брат Абдула, кои растат без нивната мајка во едно авганистанско село и она што ќе им се случи ним е совршен доказ за моралната сложеност на животот, покажувајќи како членовите на семејствата се љубат, почитуваат и жртвуваат за луѓето кои ги сакаат.

3-knigi-koi-vredi-da-gi-procitate-vo-tekot-na-sledniot-mesec-1.jpg


3. „Сигма Протокол“ – Роберт Ладлам

За сите љубители на мистерии и енигми ова е романот кој со секоја нова страница ќе ве мотивира да читате сè повеќе и повеќе.

Романот ја раскажува приказната за една таинствена организација основана уште во времето на Втората светска војна со главна цел да ја спечи превласта на комунизмот. Но, сепак времињата се менуваат а со тоа и желбите на луѓето, па новите водачи на Сигма започнуваат да коваат планови за целосна превласт над светот со која тие ќе ги имаат конците во раце и ќе управуваат со светот во корист на нивните цели.

Приказната зборува за семејниот односи татко-син и огромниот број тајни кои една по една полека се откриваат како што дејството се развива. 

3-knigi-koi-vredi-da-gi-procitate-vo-tekot-na-sledniot-mesec-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со лесноти...
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски Утре (среда, 25 март) во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на ...
Билјана (24) од Кавадарци: „Одвојував од парите за појадок за да купувам книги, денес имам 450 - Кои... „Како мала, моите родители ми читаа бајки пред спиење. Тоа се едни од моите омил...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава