Книги кои целосно ќе го окупираат вашиот викенд

Есента покрај малкуте недостатоци има и свои предности  - совршена е за читање книги.

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-01.jpg

Додека времето надвор ви кажува дека е лоша идеја да се излезе, книгите од друга страна ве мамат да останете дома на топличко и да ги прочитате од првата до последната страница.

Неколку добри трилери проткаени со мистерија, една љубовна приказни и фуриозно духовити текстови од писателка без влакна на јазикот.

Еве што ви препорачуваме за читање оваа недела:

Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав - Лора Тејт и Џими Рајс

Писателите се најдобри пријатели. По интензивно десетгодишно дружење Лорај и Џими решиле да започнат да пишуваат заедничка книга.

Резултатот е создавањеето на два екстремно допадливи ликови, Холи и Алекс.

Пријатели уште од мали нозе, меѓу нив отсекогаш постоела симпатија, па можеби дури и љубов, но никој нема храброст да му го признае тоа на другиот.

Веќе погодувате – Џими го пишува текстот од перспективата на Алекс, а Лора ја зазема женската хероина, односно Холи.

Доколку ви се допаднаа книгите „На крајот од виножитото“ и „Еден ден“, тогаш ова е вистинската романса за вас.

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-02.jpg

Убиство во Капали чаршија – Есра Туркеул

Капали чаршија е местото на злосторството. Пронајдено е мртво тело во многу чудна положба.

Осомничениот е хендикепирано момче, кое навидум нема никаков мотив за извршување на убидството.

Главната хероина во романот Берна која се бори со депресија се вклучува во истрагата со цел да му помогне на момчето... но, дали нејзините добри намери се на правиот пат?

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-04.jpg

Зад затворени врати - Б.А. Парис

Грејс и Џек се пар од соништата. Згодни, убави, богати и елегантни, но има нешто многу чудно во врска со нив – тие никогаш не се двојат еден од друг.

Грејс никогаш не крева на телефон. Таа не работи, а сепак не излегува на шопинг или ручек со пријателките. И што е најчудно, има решетки на прозорецот во една од спалните соби.

Оваа книга со сигурност ќе ве потресе и уште еднаш ќе ви потврди дека не постои ништо совршено на светов, како и фактот дека никој, навистина никој не знае што се случува зад затворени врати.

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-03.jpg

Зошто пцујам - Ведрана Рудан

Запознајте ја Ведрана Рудан. Таа е директна, без влакна на јазикот и многу духовита. Збирката текстови се оние кои ги објавувала години наназад на нејзиниот блог www.rudan.info.

Зошто служат жените, а зошто мажите? А зошто служат пак децата? А Хрватска и животот општо?

Зошто Ведрана и покрај ведрината на нејзиното име, пцуе?

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-05.jpg

Соломоновиот знак – Ју Несбе

Несбе веќе е докажан автор на жанрот, неговиот „Ловец на глави“ и „Одмазда“ предизвикаа аплаузи кај љубителите на криминалистичкиот трилер.

Неговиот херој, инспекторот Хари Хуле спие на подот во својот дом, пијан и веројатно без работа.

По неуспехот да го разобличи инспекторот Том Волер како убиец, Хари Хуле доживува невиден пад во кариерата.

Не очекува да му додела никаков случај, но по 4 недели телефонот заѕвонува.

На убиената девојка ѝ е отсечен прстот, а веројатно веќе погодувате кој ќе му биде партнерот на Хуле во откривањето на злосторникот...

„Роман полн со пресврти и со елегантно поврзани паралелни текови. За секоја пофалба!“ 

5-knigi-koi-celosno-ke-go-okupiraat-vasiot-vikend-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава