Најскапо продадените книги во светот

Секоја книга во себе содржи непроценливо богатство кое можете да го добиете само доколку ја прочитате... а, понекогаш и доколку ја продадете.

Najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-01

На светот постојат толку ретки книги чија вредност често се проценува на илјадници долари.

Овие книги се ретки копии на дела кои датираат од пред многу векови и биле предавани од една генерација на друга.

Ова се 10 најскапи книги на сите времиња:

10. Комедии, приказни и трагедии или „First folio“ на Шекспир

Најважната книга во англиската литература, како што многумина знаат да ја наречат, била продадена за $8,2 милиони долари во 2001-ва година на анонимен купувач.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-1.jpg

9. Копија од американскиот устав и од Повелбата за права

Оваа копија била продадена во 2012-та година за $10,2 милиони долари, бидејќи потекнувала од 1789-та година и го имала на себе оригиналниот потпис на Џорџ Вашингтон.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-2.jpg

8. „Кантербериски приказни“ - Г. Чосер

Напишана во 1478-ма година, вредноста на еден од првите примероци на оваа книга достигнал вртоглави $11,1 милиони долари во 1998-ма година, бидејќи се смета за оригинал од печатената верзија на Вилијам Какстон, првиот печатар во Англија.

7. Американски птици

Постојат само 119 копии од оваа книга за птиците. Илустрирана од Џон Џејмс Аудубон, била објавена во 1830 во димензија 1 метар на 70 сантиметри, за сите илустрации да бидат во речиси природна големина. Во 2010-та била продадена за цена од $12,6 милиони долари.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-3.jpg

6. Молитвеник

Со своите 150 страници, оваа книга била дело на фламанскиот просветител Жерар Хоренбоут. Издадена во 1505-та година во Холандија била продадена за $13,9 милиони долари во 2014-та година.

5. Книга со псалми

Целосниот наслов на книгата е „The Whole Booke of Psalmes Faithfully Translated into English Metre“, а се верува дека е првата книга отпечатена во Кембриџ во 1640-та година. Од книгата биле зачувани 11 копии, од кои една била продадена за $14,2 милиони долари во 2013-та година.

4. Евангелијата на Сан Катберт

Прогласена за најстарата книга во Европа, станува збор за превод од латински на еден ракопис на евангелието на Свети Јован кој потекнува од VII век и бил повторно пронајден во XII век. Во 2011-та година книгата била продадена за 9 милиони фунти.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-4.jpg

3. „Magna Carta“

Можете ли да замислите колку вреди оригинална копија од XIII век на „Magna Carta“? Ако на светот постојат зачувани само 17 примероци, нека не ве чуди што еден од нив во 2007-ма година бил продаден за $24,5 милиони долари.

2. Книга со евангелија на Хенри Лавот

Енрико Лавот било името под кое бил познат Хенри XII од Баварија, војводата на Баварија и Саксонија, кој живеел во Германија во XIII век. Примерокот кој некогаш му припаѓал, во 1983-та година бил откупен од германската влада за $28 милиони долари.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-5.jpg

1. Кодот на Лестер

Би платиле ли $50 милиони долари за копија од Кодот на Да Винчи? Веројатно не, но во овој случај не зборуваме за бестселерот на Ден Браун, туку за Кодот на Лестер, збирка од 36 листови кои содржат нацрти и записи од самиот Леонардо Да Винчи. Делото било откупено за неверојатни $49,4 милиони долари во 1994-та година од Бил Гејтс.

najskapo-prodadenite-knigi-vo-svetot-6.jpg

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...

Најчитани неделава