5 книги од 5 различни континенти кои ќе ви го украдат слободното време

Во оваа динамична реалност, слободното време стана луксуз, кој не се купува со пари. Па затоа, кога го имате, исполнете го со една од најпрекрасните активности – читањето добра книга.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-01.jpg

Добрите книги отвораат нови прозорци кон светови кои не сте ги посетиле, а овие 5 се напишани од автори кои потекнуваат од 5 различни континенти. Носејќи го со себе мирисот и пејзажите на матичните средини од кои доаѓаат, ќе се изгубите низ страниците, посакувајќи никогаш да не завршат.

Доколку сте ги пропуштиле, тогаш е време за:

Норвешка шума – Харуки Мураками

Оваа книга се смета за една од најдобрите на јапонскиот автор Харуки Мураками, продадена во над 11 милиони копии ширум светот.

Тору е растргнат помеѓу минатото и иднината. Првата љубов, Наоко, е девојка на неговиот најдобар пријател Кизуки. Трагична случка ги врзува овие двајца пријатели, кои и покрај усилбите, не можат да се пронајдат на истата животна страница. Студентскиот живот во Токио секој го поднесува различно, и додека Наоко се оддалечува, Тору е магично привлечен од бестрашно независната и сексуално либералната Мидори.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-02.jpg

Пурпурен хибискус – Чимаманда Адичи

Чимаманда Адичи е авторка која потекнува од Нигерија и совршено ја сецира и опишува човечката психологија.

15-годишната Камбили живее лагоден и привилегиран живот со постариот брат во прекрасна куќа. Се чини дека нивниот живот е совршен, но под неговата фасада се наѕираат пукнатини.

Животот под притисокот на религиозниот татко станува неподнослив. Но, кога Камбили ќе замине на гости во домот на тетка си, открива сосема поинаков свет на слобода, смеа, книги и разнобојни цвеќиња. Вљубувањето во младиот свештеник дополнително ги замрсува конците во животот на Камибили, во кој владее апсолутната власт на нејзиниот татко.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-03.jpg

Рибата е црвена – Габриел Гарсија Маркез

Гордоста на Колумбија, Маркез, пишува едноставни и необично раскази за малите и големите работи што ни го разубавуваат  огорчуваат животот. Овие кратки текстови се хумористични, но и поучни, а во нив ќе пронајдете од сè по малку – неуспешните атентати врз Фидел Кастро, добивањето на Нобеловата награда, обидите за одвикнување од пушење и стравот од летање.

Маркез е еден од ретките кој умее им вдахне живот и да им даде големина на малите нешта.

Тој е поборник на ставот дека секоја ситуација, колку и да е лоша, е победлива со доза фантазија и доза иронија.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-04.jpg

Доктор Сон – Стивен Кинг

Американскиот автор на хорори Стивек Кинг повторно ја оживува сцената во една од неговите најпознати книги „Сјаење“. Малото момче од оригиналното дело Ден Торенс е веќе возрасен човек, но траумите и духовите од минатото ги влече како багаж од кој не може да се ослободи.

Ден им го ублажува умирањето на стари, болни и изнемоштени лица во домот, сосема заслужувајќи го прекарот „Доктор Сон“.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-05.jpg

Снег – Орхан Памук

Памук фрла поинаков сноп светлина на културата и политиката во Турција. Поетот Ка се враќа во својата земја по 12-годишниот егзил во Германија. Работејќи како новинар, патува во град да го истражи серијалот масовни самоубиства на девојки на кои им е забрането да носат хиџаби.

Стравот, желбата да се стори нешто, прашањето за идентитетот, мистеријата, сомнежот во религијата и исламскиот фанатизам се само неколку клучни делчиња од богатиот мозаик на оваа неверојатна новела на турскиот автор.

5-knigi-od-5-razlicni-kontinenti-koi-ke-vi-go-ukradat-slobodnoto-vreme-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg