„Една книга за мир“ – доказ дека Библијата и Куранот шират исти пораки

Ако ги споредите основните принципи на исламот и на христијанството, ќе забележите дека се речиси идентични. И покрај спротивното мислење кое преовладува меѓу луѓето, во светот постојат повеќе нешта кои нѐ поврзуваат отколку што нѐ раздвојуваат. Една од тие работи е религијата. Токму ова е основната тема на книгата „Една книга за мир“, која го собира учењето од светите книги Библија и Куран и преку нивно напоредно претставување покажува колку всушност се слични пораките во двете книги.

edna-kniga-za-mir-dokaz-deka-biblijata-i-kuranot-sirat-isti-poraki-1.jpg

Во „Една книга за мир“ се претставени по 10 стихови од Библијата односно ајети од Куранот на 10 универзални теми, блиски на сите луѓе од светот: еден Бог, Мир, Правда, Љубов, Семејство и соседи, Светоста на животот, Милост, Проштевање, Помагање на другите и Надеж. Книгата ја уреди искусниот босански новинар Мирнес Ковач со помош на два теолога - Мухамед Фазиловиќ (ислам) и Павле Мијович (христијанство). Теолозите од своите свети книги бираа стихови кои тие би сакале луѓето од другите вери да ги прочитаат за нивната вера.

Подготовката на книгата е дел од проектот „The One“, кој е заедничко дело на агенциите „Њу Момент“ – Белград и Y&R Dubai, осмислен за Меѓурелигискиот совет во Босна и Херцеговина. Целта на проектот е да се урнат предрасудите и да се подигне свеста за важноста на меѓусебното разбирање и меѓурелигискиот дијалог.

edna-kniga-za-mir-dokaz-deka-biblijata-i-kuranot-sirat-isti-poraki-2.jpg

Книгата премиерно беше претставена на каналот Ал Џезира и наскоро ќе биде пратена до највлијателните светски лидери, како што се папата Франциско, Доналд Трамп, Владимир Путин, Ангела Меркел и многу други ширум светот.

„Една книга за мир“ може бесплатно да ја преземете или да ја прочитате на http://onebookforpeace.org/#/.

За повеќе информации следете нѐ на твитер @OneBookForPeace или користете го хаштагот #OneBookForPeace за да го изразите вашето мислење за оваа порака за мир.

edna-kniga-za-mir-dokaz-deka-biblijata-i-kuranot-sirat-isti-poraki-3.jpg

Видеото за овој проект може да го погледнете на следниот линк:

https://youtu.be/UHH6HeR0P-c

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава