Нема да ги испуштите од рака: 3 книги за ментален одмор

Некои книги се како мед на разболено грло, тие ви ја греат душата и срцето и долго, долго ги паметите. Овие три, несомнено ќе ве разгалат и ќе ве потсетат како е да се биде лудо вљубен.

3-knigi-za-sovrsen-mentalen-odmor-01.jpg

Ќе сочувствувате со ликовите, ќе уживате во приказните и дефинитивно ќе сакате да ги имате во својата домашна библиотека. А, нема да погрешите и доколку ги однесете некому на подарок.

3 книги за совршен ментален одмор и полнење душа:

Еленор и Парк – Рејнбоу Ровел

Нема да пронајдете потажна, повпечатлива и пољубовна приказна од онаа на Еленор и Парк. Еленор има проблематично семејство, очув кој ги малтретира. Таа е крупна, повлечена и отскокнува од толпата.

Парк е единствениот Кореец во училиштето и се бори со соптвените несигурности. Она што на почетокот ќе биде одбивност меѓу двајцата, ќе прерасне во вистинска, чиста, искрена љубов.

3-knigi-za-sovrsen-mentalen-odmor (2).jpg

Перфектна хемија - Симон Елкелс  

Алекс е 18-годишник со купишта проблеми, мрачно минато и несигурна иднина. Тој го живее животот на работ и е просто „лошо момче“. Британи навидум води совршен живот, каде што сè е подредено по конец.

Двајцата не може да бидат поразлични, а еден проект по хемија ќе ги спои. Облогот да се освои Британи ќе го натера Алекс да ѝ се приближи. Но тој ќе сфати дека животот му нуди многу повеќе од пропаст и неуспех, а Британи конечно ќе ја симне фасадата од својот перфектен живот.

Љубовта е чудна, таа доаѓа кога најмалку очекуваш.

3-knigi-za-sovrsen-mentalen-odmor (3).jpg

Исповеди - Колин Хувер  

Дали љубовта заслужува втора шанса? 21-годишната Обурн се обидува да го изгради својот урнисан живот. Таа решава да заврти нов лист каде што нема место за старите грешки.

Барајќи работа во едно уметничко ателје, ќе го запознае мистериозниот Овен.

Магичната привлечност си го прави своето, но Овен чува тајна која се заканува да ги уништи. Обурн чувствува дека нема простор за грешки и во обид да го зачува новиот почеток ќе се обиде да го оттурне Овен од себе.

Сепак, дали љубовта може да ги преживее овие пречки?

3-knigi-za-sovrsen-mentalen-odmor (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава