Париз и книжарници - идеална комбинација за духовно уживање

Само кога ќе се сетам кои сé книжевни великани имаат живеено во Париз ми доаѓа да ги спакувам куферите и да се отселам во тој град на светлината, како што на многумина ни е познат. 

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 8

Молиер, Волтер, Балзак, Виктор Иго, Зола и Пруст се само еден мал дел од имињата кои на француската престолнина ѝ даваат посебно значење, а ако се додадат и Милан Кундера, Оскар Вајлд, Џејмс Џојс, тогаш суштината уште повеќе се продлабочува.

За љубители на книжевноста Париз ќе ве настрви до тој степен што ќе ве натера да ги посетите највпечатливите книжарници, кои станаа заштитен знак на градот и ќе ве спроведе во светот на приказните.

Во продолжение од текстот следува листа на интересни книжарници кои со години наназад ја разубавуваат метрополата и предизвикуваат духовно уживање:

Librairie Galignani

Во близина на Place de la Concorde во првиот арондисман се наоѓа една од најпривлечните книжарници во Париз, која е добро снабдена со литература на англиски и француски јазик.

Librairie Galignani за многу читатели ширим светот претставува место каде можат да се најдат квалитетни книжевни остварувања како и книги за мода, дизајн и ентериер.

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 3

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 3

Abbey Bookshop

На само неколку блока од Shakespeare and Company се наоѓа уште една шармантна книжарница, која опива со мирис на стари книги.

Скромната Abbey Bookshop ќе ви го заскокотка интересот со самото влегување во неа и ќе ве држи на „штрек“ случајно да не ги срушите кулите од книги кои распослани околу вас можат само да ве смират и да ве натераат да читате уште истиот миг.

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 5

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 5

TASCHEN Store Paris

Овој светски препознатлив бренд кој својата книжарница во Париз ја има на улицата Rue De Buci е снабден со најлудите и најкреативните изданија што некогаш можете да ги сретнете.

Секако, се продаваат по многу високи цени, но за оние со длабок џеб TASCHEN Store Paris ќе ве снабди со луксузни изданија посветени на архитектура, фотографија и дизајн.

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 1

pariz i knizarnici kombinacija za duhuvno uzivanje 1

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg