15 книги за кои луѓето најчесто лажат дека ги прочитале

Покрај многубројните филмски адаптации на светски познати романи, останува прашањето зошто би се мачеле да читаме книги од стотици, па дури и илјадници страници?

15-knigi-za-koi-lugjeto-lazat-deka-gi-procitale-01.jpg

Секако, заради уживањето во убавиот пишан збор. Но не секој размислува на овој начин.

За некого читањето е мачно, неподносливо, мирисот на книги (и стари и нови) е ужасен, а кога веќе знаеме од прилика кои се главните ликови и како тече дејствието, тоа му доаѓа исто како да сме ја прочитале книгата, нели?

Погрешно. Сепак, ¼ од анкетираните се подготвени да излажат околу бројот на книгите кои ги прочитале, со цел да им изгледаат попаметни или попривлечни на другите луѓе.

40% од луѓето потврдиле дека најголемата причина поради која лажат дека прочитале некоја книга е со цел да не бидат исклучени од разговорот, а 1/3 го прават тоа за да делуваат поинтелигентно.

Како изгледа списокот на книги за кои луѓето најмногу лажат дека ги прочитале?

 1. Алиса во земјата на чудата – Луис Керол

 2. 1984 – Џорџ Орвел

 3. Трилогијата на Господарот на прстените – Џ.Р.Р. Толкин

 4. Војна и мир – Лав Николаевич Толстој

 5. Ана Каренина – Лав Николаевич Толстој

 6. Да се убие птицата подбивница – Харпер Ли

 7. Злосторство и казна – Фјодор Достоевски

 8. Големите очекувања – Чарлс Дикенс

 9. Дневникот на Ана Франк – Ана Франк

10. Големиот Гетсби – Ф. Скот Фицџералд

11. Глувци и луѓе - Џон Стајнбек

12. Ловец во ’ржта – Џ.Д. Селинџер

13. Убиство во Ориент Експрес – Агата Кристи

14. Гордост и предрасуда – Џејн Остин

15. Авантурите на Шерлок Холмс - Артур Конан Дојл

Дали вие сте излажале дека сте прочитале некоја од овие книги?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава