Книги кои треба да ги прочита секоја жена која се почитува себеси

Без да сакаме да ги етикетираме само како книги за феминистки, едноставно ќе кажеме дека секоја жена која се почитува себеси мора да одвои време и простор и да ги прочита следниве внимателно одбрани книги.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi-01.jpg

Бројот на наслови кои може да се понудат е секако импозантен, но предност им дадовме на оние што се објавени на македонски јазик. Слободно дополнете ја листата со уште некој ваш предлог.

3,2,1 и едукацијата може да започне:

Приказната на робинката – Маргарет Атвуд

Во теократско дистописко општество наречено Гилеад, жената може да биде или слугинка или третирана како машина за раѓање деца. Наталитет е драстично опаднат, животната средина загадена.

Моќни сурови водачи го пронаоѓаат спасот во вештачка творба заснована на фанатизам и религија, каде што робинките имаат само една задача – да родат нивни деца со цел да се одржи општествениот поредок.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi (6).jpg

Пурпурен хибискус – Чимаманда Адичи

15-годишната Камбили и нејзиниот постар брат се секојдневно казнувани дури и за најмалата грешка од страна на нивниот татко-перфекционист. Тој е богат и угледен човек, тие живеат раскошно и привилегирано во Нигерија, но нивната хармонија е нарушена од суровиот нарав на главата на семејството.

Кога ќе заминат на гости кај нејзината тетка, за прв пат далеку од дома, децата ќе откријат сосема поинаков свет. Свет исполнет со смеа, игри, песни, цвеќиња, свет на слобода. Свет во кој е дозволено да љубиш и да бидеш љубен.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi (5).jpg

Папата Јована – Дона Вулфолк Крос

Приказна за Јована, мала, своеглава и ултра интелигентна девојка која ќе научи да чита и пишува, вештина која е забранета и незамислива за жени во текот на 9 век.

Низ целиот нејзин живот Јована се соочува со препреките, стереотипите и предрасудите – што значи да се биде жена во тоа време. Нејзината посветеност, мудрост и добрина ќе ја донесат на престолот на најмоќното место во римокатоличката црква.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi (2).jpg

Стакленото ѕвоно – Силвија Плат

Какво е чувството да се живее под стаклено ѕвоно? Култниот роман на Силвија Плат е објавен точно еден месец пред нејзиното самоубиство. Парцијално автобиографски, тој ја раскажува приказната на младата Естер Гринвуд и нејзината ментална борба.

Во напорни обиди да се вклопи во работата и друштвените активности околу неа, Естер запаѓа во депресија и тоне во самоубиствени мисли. Не постои начин да не пронајдете сочувство за емоционалните тегоби на главниот лик.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi (4).jpg

Страв од летање – Ерика Јонг

Исидора Винг е вистинска анти-хероин, бидејќи живее живот кој низ вековите бил „резервиран“ само за мажите. Неуспешни бракови, бројни љубовни авантури, „секс без патент“… на еден конгрес заедно со нејзиниот сопруг, таа ќе го запознае мажот од нејзините соништа.

Телото сака страст и секс, љубов и сигурност. Но, умот, тој копнее за слобода, самодоверба, независност и неосудање да се биде оној којшто сакаш да бидеш. Бурно, духовито, сензуално и многу сериозно, сè што треба да знаете за слободоумните жени.

Knigi-koi-treba-da-gi-procita-sekoja-zena-koja-se-pocituva-sebesi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело
Фото: (О)Милена

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg