Италијански мајстор за морничави трилери – најдоброто од Донато Каризи

45-годишниот автор е роден во 1973 година и студирал право и криминологија. Каризи од 1999 година работи како ТВ сценарист.

Najdobroto-od-Donato-Karizi-01.jpg

Првиот роман на Каризи, „Шепнувачот“ му донел 5 меѓународни книжевни награди, бил продаден во над 20 држави и преведен на француски, дански, хебрејски и виетнамски.

Творечкиот опус на Каризи константно се зголемува, а неговата последна книга L’uomo del labirinto (Човекот во лавиринтот) издадена во 2017 година повторно доживеа неверојатен успех со висока 4.5 оцена на скалата до 5.

Najdobroto-od-Donato-Karizi-02.jpg

Морничавоста и напнатоста на дејствието, како и генијалните заплети, пресврти и добро исткаените ликови се она што го прават Каризи еден од најдобрите автори на жанрот трилер на денешницата.

Од Каризи препорачуваме:

Ловец на души

4 девојки се киднапирани. Сите преку ден, сите брутално убиени на истиот начин.

Дали петтата исчезната девојка, студентка по архитектура, ќе ја доживее истата ѕверска судбина како претходните жртви?

Доколку е жива, времето за неа истекува како во песочен часовник. Само еден детаљ е различен од киднапирањата на претходните девојки. Последната жртва е киднапирана ноќе.

Кога ќе им се вкрстата патиштата на Маркус и Сандра, заедно ќе откријат ужасен свет скриен низ мрачните улички на Рим.

Ќе успеат ли да го пронајдат монструозниот злосторник?

Najdobroto-od-Donato-Karizi-03.jpg

Господар на злото

„Господар на злото“ е всушност продолжение на „Ловец на души“.

Сандра Вега и Маркус, се повторно во фокусот на книгата, заедно истражувајќи низа на убиства на љубовни парови во Рим.

Убиствата се извршени на сличен начин и на слични локации, а по убиецот трага целата јавност. Но, очигледно е вмешан некој за кој најмалку се очекува – самиот Ватикан.

Каризи мајсторски ја обликува и оваа книга како и претходната и вешто се труди да го прикрие изненадувањето кое кулминира на крајот од книгата.

Najdobroto-od-Donato-Karizi-04.jpg

Шепнувачот

Исчезнати се 5 девојчиња на возраст од 8 до 13 години. Две момчиња со нивното куче сосема случајно го пронаоѓаат местото на кое можеби се закопани девојчињата.

Но, се утврдува дека тоа сепак не се нивните тела, туку 6 леви раце закопани во круг, додека само 5 девојчиња се пријавени како исчезнати.

Некаде, уште едно девојче е киднапирано, но никој сè уште го нема пријавено нејзиното исчезнување…

Najdobroto-od-Donato-Karizi-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Викторија од Кичево: „Мајка ми ме зачлени во библиотека на 10 години, имам над 500 книги - кои ми се... „Во просек читам 3 книги месечно, најмалку. Понекогаш и една дневно, тоа често м...

Најчитани неделава