3 предлог книги: Љубовни романси од кои ќе ви затрепери срцето

Некои ги обожаваат, други пак се муртат кога ќе се споменат книгите обоени со љубовна тематика, иако можеби потајно ги читаат.

Ljubovni-romansi-od-koi-ke-vi-zatreperi-srceto-01.jpg

Но, останува фактот дека љубовните романси со причина се најпродавани во светски рамки. Сите сме во потрага по љубов, затоа што не постои подобро чувство.

Следните 3 книги исткаени со љубовни романси ќе ви го стопат срцето:

Слатки мали тајни - Џил Шелвис

Меди Мур ги губи работата и момчето. Но, таа е решена да продолжи напред, наместо да тагува.

Напуштајќи го Лос Анџелес таа стигнува во полураспаднатото хотелче „Среќно крајбрежје“ на брегот во еден мал град.

Хотелчето е наследство од нејзината мајка, а Меди е решена да го реновира и да го претвори во успешен бизнис.

Тара и Клои се нејзините две полусестри и Меди си дава задача да ги убеди да ѝ се придружат во новата животна авантура.

Градежникот кој Меди го ангажира за трансформацијата на хотелот е згоден, висок, темнокос тип кој крие свои мали тајни…

Ljubovni-romansi-od-koi-ke-vi-zatreperi-srceto (3).jpg

До сите момци што ги сакав - Хан Џени

Лара Џин има мала необична навика. Таа ги чува сите нејзини љубовни писма адресирани до момчињата коишто ги сакала во една шапка-цилиндар. Лара ги истура сите свои емоции и мисли во писмата, сите работи кои не би се осудила да ги каже никогаш, поради немањето храброст.

Но, еден ден писмата ќе бидат испратени до оние за кои се наменети.

Љубовниот живот на Лара Џин излегува надвор од целосна контрола.

Ljubovni-romansi-od-koi-ke-vi-zatreperi-srceto (1).jpg

Робинката - Кетрин Лим

Хан е 4-годишно девојче кое потекнува од бедно, сиромашно семејство. Нејзината мајка ќе ја продаде како робинка во Куќата на Ву.

Таа е храбра, своеглава, палава и набргу се спријателува со наследникот на куќата, една година постариот Ву. Она што ќе започне како детска игра, ќе прерасне во длабока, искрена љубов.

Хан е вљубена во младиот господар кој не ѝ обрнува повеќе внимание како во нивните игри од детството, свесна за сопствениот статус, борбата против тиранијата и хиерархискиот сталеж, како и искористувањето на робинките за сопствени задоволства од страна на моќниците.

Ljubovni-romansi-od-koi-ke-vi-zatreperi-srceto (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава