Историјата на Нигерија низ три прекрасни книги на Чимаманда Н. Адичи

Чимаманда Нгози Адичи е нигериска новелистка која е автор на три романи, „Пурпурен хибискус“ (Purple Hibiscus), „Половина жолто сонце“ (Half of a Yellow Sun) и „Американа“ (Americanah), колекцијата на кратки приказни „Нештото околу твојот врат“ (The Thing Around Your Neck) и есејот „Сите треба да бидеме феминистки“ (We Should All Be Feminists).

istorijata-na-nigerija-niz-tri-prekrasni-knigi-na-chimamanda-n-adichi-01.jpg

Инспирацијата таа ја црпи од тешката историја на својата родна држава, а нејзините дела се вистински бисери на африканската литература.

Пурпурен хибискус

Дејството се случува во постколонијална Нигерија, кога владее политичка нестабилност и економски проблеми.

Централниот лик, Камбили, е 15-годишна девојка која потекнува од богато католичко семејство. Но, таа и нејзиниот брат Јаја поминуваат поголем дел од животот во домот на нивната тетка Ифеома и тројцата братучеди. Таму, тие се далеку од стегите на својот дом, а Камбили успева и да се вљуби.

Во меѓувреме, нивната мајка го убива таткото, а брат ѝ ја презема вината.

Раскажувајќи ја оваа потресна приказна за семејството на Камбили, Адичи опфаќа многу теми, како што е постколонијалната африканска историја, религиските определби, домашното насилство, семејните врски, но исто така, читателот лесно може да се изгуби во беспрекорните описи на природата, која во книгата симболизира слобода и надеж.

istorijata-na-nigerija-niz-tri-prekrasni-knigi-na-chimamanda-n-adichi-03.jpg

Половина жолто сонце

Дејството во оваа книга се случува пред и за време на нигериската граѓанска војна, создавањето на Бијафра и нејзиниот пад и секако, личните приказни на трите главни ликови.

Трите ликови се 13-годишниот Угу кој е домашен помошник на Оденибо, борец за слободата на независна Бијафра. Тој е невенчан сопруг на Олана, која е вториот лик низ чиј наратив ја откриваме приказната за овој период од нигериската историја. Олана има сестра близначка, Каинене, која му е девојка на писателот и новинар Ричард, кој пак, е третиот централен лик во книгата.

„Половина жолто сонце“ носи симболичен наслов, по знамето на новата Република Бијафра која постоела само три години, пред Нигерија да ги спои териториите повторно, формирајќи ја денес познатата држава.

Во оваа книга Адичи маестрално ги опишува чувствата на секој од ликовите, местата каде бегаат од нападите, па дури и движењата на листовите од дрвјата манго и индиски орев. Во целата приказна се провлекува жичка на надеж, но и на длабока тага.

По „Половина жолто сонце“ е снимен истоимениот филм од 2013 година.

istorijata-na-nigerija-niz-tri-prekrasni-knigi-na-chimamanda-n-adichi-04.jpg

Американа

„Американа“ е приказна за Ифемелу, жена од Нигерија која заминува на студии во САД. Новелата го следи нејзиниот живот и во двете држави, особено нејзината љубовна врска во Нигерија.

Дејството, секако, се случува во време кога Нигерија е под воена диктатура. Ифемелу се соочува со расизам, со нарекување со погрдни зборови, со надеж дека повторно ќе се спојат со љубовта Обинзе. Но, тој не успева да добие американска виза и продолжува да лута низ светот како имигрант.

По нејзиното враќање, сфаќаат дека изминатите години направиле страшна разлика меѓу нив. Но, дали се способни да ја надминат, во име на љубовта?

Според оваа новела се снима и кратка серија со Лупита Нјонго во главната улога.

istorijata-na-nigerija-niz-tri-prekrasni-knigi-na-chimamanda-n-adichi-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Елена од Прилеп: „Книга од Горјан Петрески е ‘виновник’ за мојата зависност од читање - Кои ми се ом... „Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина ча...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Билјана, директорка на библиотека во Делчево: „Најмногу плачев на 'Белото циганче' - Кои 3 книги ми ... „Скоро и да не правам пауза со читањето, читам во континуитет. Во последно време...

Најчитани неделава