3 нови и возбудливи книги кое ќе ве пренесат во друг универзум

Не можеш да си купиш среќа, но можеш да купиш многу книги, а на крајот од денот тоа е едно исто, нели? Овој пат одбравме 3 нови наслови со специфична и возбудлива содржина на коишто со задоволство ќе го потрошите вашето слободно време.

3-novi-i-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-odnesat-vo-drug-univerzum-01.jpg

Микро раскази, книга за едно растење и созревање и возбудлив мистериозен хорор за деца… од стакло?!

Што треба да се најде на вашата листа за читање оваа пролет?

Сите наши тела – Георги Господинов

Најновата книга на најпреведуваниот бугарски автор Георги Господинов ни носи микро раскази за кратки зен медитации.

Господинов мајсторски нè вовлекува во неговиот свет, кој како и нашиот ги содржи истите елементи: раѓање, љубов, живот, смрт. Носталгија по едно време и едно детство, реални моменти кои премногу наликуваат на фантазија и соништа кои може да ги поистоветиме со јаве.

Совршена книга која се чита на едно седнување.

3-novi-i-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-odnesat-vo-drug-univerzum (2).jpg

Книга за гробиштата - Нил Гејман

По бруталното убиство на неговите родители, малиот Ник Овенс ќе остане сам на светот. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука.

Стоејќи на границата помеѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

3-novi-i-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-odnesat-vo-drug-univerzum (1).jpg

Стаклените деца – Кристина Улсон

Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска.

Во новиот дом на Били и нејзината мајка се случуваат низа мистични работи. Изгледа како куќата да не сака да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…

Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно.

3-novi-i-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-odnesat-vo-drug-univerzum (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава