Книги кои ќе ве држат во неизвесност и будни длабоко во ноќта

„Животот го доживувам како добра книга. Колку повеќе се задлабочувате, толку повеќе добива смисла“. Доколку сте од оние на кои читањето книги им е есенцијално во животот, дефинитивно ќе ги цените нашите 3 нови предлози.

Knigi-koi-ke-ve-drzat-vo-neizvesnost-i-budni-dlaboko-vo-nokta-01.jpg

Тие ќе ве држат во неизвесност, напнати и будни длабоко во ноќта. Со сигурност нема да ги оставите додека не ја завршите последната страница од:

Со затворени очи - Џош Малерман

Конечно го имаме македонско издание светскиот бестселер „Bird Box“.

Доколку сакаат да преживеат, луѓето едноставно не смеат да гледаат. Со само еден поглед на дневна светлина веднаш настапува страшна и болна смрт кај секој што ги отворил очите. Никој не знае што е, ниту како може да се запре злото.

5 години откако настапува хаосот помеѓу малкуте преживеани е и Малори со двете деца. Таа сонува да ги пренесе децата на безбедно место каде што нема опасност од заканата. Но патот дотаму води низ река, а тие мора да поминат речиси 30 km со врзани очи во чамецот. Еден погрешен потег – и сите се мртви. Дали ќе успеат да се спасат?

Knigi-koi-ke-ve-drzat-vo-neizvesnost-i-budni-dlaboko-vo-nokta (1).jpg

Другата жена - Сенди Џонс

Емили е убедена дека Адам е љубовта на нејзиниот живот. Тој е совршениот човек, со не толку совршена мајка. Емили го одбира него, но не и Пами, мајката на Адам.

Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете. Но Пами е опасна и посесивна, во состојба да направи сè со цел Емили да исчезне од животот на нејзиниот син.

Ќе се изгубите во овој брз и заразен трилер, зачудувајќи се колку луѓето може да бидат манипулативни и опасни.

Knigi-koi-ke-ve-drzat-vo-neizvesnost-i-budni-dlaboko-vo-nokta (2).jpg

Сеништето - Ју Несбе

Преселувајќи се во Хонгконг, детективот Хари Хуле мисли дека засекогаш ги оставил своите трауми зад себе, како и кариерата во полицијата.

Но се случува нешто незамисливо: Олег, момчето што пораснало со Хари, е уапсено поради убиство. Хари е принуден да се врати дома и да го пронајде вистинскиот злосторник.

Истрагата за едно навидум типично наркоманско убиство добива невидени размери коишто Хуле не ги очекувал. Сепак, тој мора да се соочи со минатото и со сите потресни вистини за себе и Олег.

Knigi-koi-ke-ve-drzat-vo-neizvesnost-i-budni-dlaboko-vo-nokta (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg