3 нови книги совршени за долгите летни ноќи

„Затоа ве молам, ве молам, ве преколнувам и се молам, фрлете го телевизорот и на неговото место направете прекрасна полица за книги на ѕидот“. Ова била најголемата желба на писателот Роалд Дал, а доколку сте вљубеник во книгите веројатно веќе го имате послушано неговиот совет.

3-novi-knigi-sovrseni-za-dolgite-letni-nokji-01.jpg

За сите оние коишто се опседнати со нови книги и нови наслови, овојпат препорачуваме 3 одлични кои ќе ви ги продолжат летните ноќи претворајќи ги во бессони:

Тајни на летната ноќ - Лиса Клејпас

Анабел Пејтон е прекрасна млада дама која може да бира мажи во морето на додворувачи. Има само еден проблем–таа нема мираз. Нејзиното семејство е на работ на катастрофа и постои само еден начин како Анабел може да им помогне – да се омажи за богат маж. 

Сајмон Ханх е нејзиниот најупорен додворувач, но тој ја сака само за љубовница. Иако Анабел е цврсто решена да одолее на неговите непристојни предлози и да го игнорира очајот во кој запаѓа нејзиното семејство, истовремено чувствува привлечност кон овој шармантен и храбар заводник…

3-novi-knigi-sovrseni-za-dolgite-letni-nokji (2).jpg

Островот Камино - Џон Гришам

Банда криминалци го ограбуваат трезорот на библиотеката Фаерстоун на Универзитетот Принстон. Пленот е бесценет, но универзитетот има осигурување од 25 милиони долари. Дел од пленот по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во малото туристичко гратче Санта Роса на островот Камино во Флорида.

Но, некој полека ќе започне да се инфилтрира во кругот на пријатели на Кејбл со цел да ги дознае неговите тајни. Уште една одлична и возбудлива книга на мајсторот на трилери и заплети Сон Гришам.

3-novi-knigi-sovrseni-za-dolgite-letni-nokji (3).jpg

Без излез - Тејлор Адамс

Четворица непознати завеани во снежна бура. Одеднаш се случува киднапирање. Одеднаш свесна дека е во голема опасност, Дарби се прашува: Кое е девојчето? Како да ѝ помогне кога нема сигнал на мобилниот телефон и не може да го продолжи патот поради снегот?

Кој од останатите патници го киднапирал ова дете? И што е најважно, на кого воопшто може да му верува?

3-novi-knigi-sovrseni-za-dolgite-letni-nokji (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава