3 нови наслови кои вреди да ги понесете на плажа

Една од најубавите работи во летниот период е што денот е подолг и имаме повеќе светлина за читање книги.

3-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza-01.jpg

За многумина ова можеби ќе звучи смешно, но вистинските љубители на добрите книги знаат точно на што мислиме. Овој пат за вас одбравме 3 сосема нови наслови кои вреди да ги понесете со себе и да ги прочитате на плажа:

Мансарда - Марлен Хаусхофер

Сопруга на адвокат и мајка на две речиси возрасни деца. Мансардата е единственото место во куќата каде што таа се чувствува своја и слободна. Таму се повлекува за да слика и да побегне од своето монотоно, банално секојдневие.

Еден ден ќе почнат да ѝ пристигнуваат писма, а во нив се кријат страници од нејзиниот дневник кој го напишала пред многу години. Но, тоа е дел од минатото на кое таа не сака да му се враќа…

3-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza (3).jpg

Човек во лавиринтот - Донато Каризи

13-годишната Саманта Андрети во едно ладно февруарскo утро брза со надеж дека да разговара со нејзината симпатија. Возбудена, таа застанува пред еден автомобил за да провери како изгледа.

Но, внатре, во мракот на автомобилот, таа здогледува зајак со големина на човек чии очи се во облик на срце. Изненадена од глетката Саманта не чувствува страв, дури ни кога зајакот ќе ја повлече во автомобилот…

3-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza (2).jpg

Сопруга на хартија - Лајла Ибрахим

Родителите на Меј Линг кои живеат во Јужна Кина во 1923 година се очајни да ја обезбедат иднината на својата ќерка. Тие ѝ договараат брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е неговата прва сопруга – сопруга на хартија.

За време на опасното патување, Меј Линг го зема под својата закрила сирачето Сју. Но, кога конечно ќе пристигне во Сан Франциско, таму ја чека изненадување…

3-novi-naslovi-koi-vredi-da-gi-ponesete-na-plaza (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава