Книги со кои есента ќе ви започне совршено

Време е за возбудливи наслови, а есента како следното годишно време на прагот е одлична за започнување нови, добри навики.

Knigi-so-koi-esenta-ke-vi-zapocne-sovrsheno-01.jpg

Зошто читањето книги не би била една од нив? Доколку се двоумите што да започнете да читате за вас имаме 3 сјајни предлози од кои одвај ќе направите пауза:

Бруклин - Колм Тојбин

Елис живее во Ирска, но не може да најде работа во својата земја. Во текот на ’50-тите години таа се сели во Бруклин, Њујорк, без семејството и пријателите, во потрагата по подобар живот во „ветената“ земја.

Во Америка таа наоѓа работа, но носталгијата за домот постојано расте. Еден ден го запознава Тони и тие се вљубуваат. Сепак, доаѓа моментот кога Елис мора да одбере – минатото или иднината, Ирска или САД.

Knigi-so-koi-esenta-ke-vi-zapocne-sovrsheno (1).jpg

Апартман во Париз - Гијом Мисо

Медлин изнајмува мало, скриенo ателје во Париз, за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи. Набрзо ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, којшто доаѓа во Париз за да пишува во тишина.

Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц кој пред смртта оставил зад себе три слики, што се водат како исчезнати. Фасцинирани од неговата генијалност и заинтригирани од тажната судбина на сликарот, Медлин и Гаспар одлучуваат да ги здружат силите за да ги пронајдат изгубените слики.

Knigi-so-koi-esenta-ke-vi-zapocne-sovrsheno (2).jpg

Макбет – Ју Несбе

Безвременоста на Шекспировото дело е прикажана во духот на криминалистичкиот жанр низ брилијантниот наратив на Несбе.

Дејствието се одвива во Шкотска во текот на ’70-тите години и нè носи во превртливиот, суров свет на казината, криминалот и нарко-пазарот, следејќи ја борбата на полицијата против трговијата со дрога.

Луѓето и понатаму се бескрупулозни, подготвени да пролеат туѓа крв за да се дограбат до власт и моќ. Практично ништо не се сменило од времето на шекспировиот Макбет…

Knigi-so-koi-esenta-ke-vi-zapocne-sovrsheno (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава