Интересни ликови од светот на книжевноста кои би посакале да се реални

Многупати ми се има случено да седам дома, во фотелја и со книга во раце, да почнам да замислувам како ликовите кои ги среќавам во книжевните светови одеднаш ги прекршуваат бариерите на двата света и се појавуваат токму пред мене.

interesni likovi od svetot na knizevnosta koi bi posakale da se realni 2

Небаре сум им најдобар другар и ме повикуваат да им се придружам на некоја авантура, или сите заедно да ѕирнеме следното поглавје од нивното постоење.

Оние кои се навлезени во читањето сигурно ќе ги препознаат ликовите кои се наоѓаат во продолжение од текстот.

А, оние кои сомнително гледаат на имињата нека си дадат предизвик да ги исчитаат делата, чија срж и двигатели на приказната се самите тие.

Малиот принц (Малиот принц)

Автор: Антоан де Сент - Егзипери

Изгледа дека Малиот принц е можеби еден од најмудрите ликови во историја на литературата. На прв поглед се чини како беспомошно дете кое талка во време и простор, но неговото трагање се залага со едно од најсуштинското прашање за човекот – што е тоа живот?

interesni likovi od svetot na knizevnosta koi bi posakale da se realni 6

Хаклбери Фин (Авантурите на Хаклбери Фин)

Автор: Марк Твен

Уште пред појавување на хипи-движење, бит-генерации, Џек Керуак и ликови како него, измислениот Хаклбери Фин на Марк Твен, одамна имаше поминато незаборавни авантури по Мисисипи.

Овој шармантен детски лик е еден од најпрепознатливи ликови во книжевноста. Неговата потрага по слобода и борбата против расизмот го прават едно од најкул детски ликови, кој секој би сакал да има таков пријател во својот живот.

interesni likovi od svetot na knizevnosta koi bi posakale da se realni 4

Сноубол (Животинска фарма)

Автор: Џорџ Орвел

На списокот може да додадеме и лик, кој не е човек, туку животно. И доволно е да се спомене Џорџ Орвел и веднаш да сфатиме дека станува збор за свињата Сноубол, што заедно со своите другари Наполеон и Сквилер започнуваа тајна активност за подготовка на бунт на фармата.

Грижлива, филозофски настроена и оптимистична- тоа е свињата Сноубол.

interesni likovi od svetot na knizevnosta koi bi posakale da se realni 3

Дон Кихот (Дон Кихот)

Автор: Мигел де Сервантес

Воопшто не е за чудење што Дон Кихот се смета за еден од најголемите книжевни ликови на сите времиња. Преку приказната на Дон Кихот и Санчо Панса, авторот сака да ги исмее лажните и неубави витешки романи преку несреќен, безумен и необичен карактер.

Ова е лик со возвишена душа и идеали, кој со самата негова појава е хумористичен и незаменлив.

interesni likovi od svetot na knizevnosta koi bi posakale da se realni 5

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...

Најчитани неделава