Книги на македонски јазик штотуку излезени од печатница

Не може да се одреди месец најпогоден за читање, сите носат посебна убавина.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 2

Како температурите се намалуваат и дождот постојано паѓа, а ние мора да бидеме затворени во четири ѕида, добиваме поголема желба да се претопиме себеси во некој фиктивен свет.

Периодов книжарниците низ Македонија се збогатија со нови наслови, штотуку излезени од печатница. Таков е и периодот, допрва ќе излегуваат нови приказни, сепак се ближат новогодишните празници. Книга за подарок, ни малку не е лоша идеја.

Ако се двоумите што да читате деновиве, слободно посетете некоја од книжарниците, а во продолжение следуваат книги, кои сè уште го носат мирисот на печатница во себе:

Ви книгата „Цвеќиња“ од Афонсо Круш, раскажувачот на овој роман, господин Улм пробува да ја реконструира својата сегашност, надевајќи се дека ќе прерасне во личност што ќе може да се соочи со маките и страдањата на другите.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 6

Сите оние кои посакале да патуваат на месечина, нека ја прочитаат книгата „Џорџ и сината месечина“ од Луси и Стивен Хокинг. 

Ова меѓугалактичка авантура зборува за Џорџ и Ени, кои се избрани да учествуваат во програма за млади астронаути. По стигнување на вселенскиот камп сфаќаат дека се вплеткани во мистерии, од кои речиси и нема излез.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 7

Романот за деца „Полиана“ од Еленор Портер го следи животот на сирачето Полиана, која доаѓа да живее кај својата мошне строга тетка Поли.

Доволно е нејзиното присуство за да внесе радост во студениот дом. Од тука почнуваат нејзините доживувања, заедно со момчето Џими, кои вдахнуваат волја за живот и елан.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 8

Ако сакате добар трилер, тогаш „Човекот од креда“ од К.Џ. Тјудор може да ги задоволите вашите критериуми.

Приказната започнува во 1986 г. во едно задремано англиско селце, каде Еди со неговите другари со нетрпение чекаат некоја авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник.

Сè изгледа во ред, додека нè налетаат на едно распарчено човечко тело запретано со лисјата во шумата…

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 4

Романот „13“ од Стив Кавана ќе ве остави без сон. Страниците раскажуваат за човек кој убива поради недостижниот американски сон. Човек кој чувствува задоволство да биде осуден невин човек. Човек, кој наместо да е на обвинителната клупа, тој е во поротата.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 5

„Големата црвена книга“ од Руми тука со неговата поезија да внесе чиста и искрена мисла во нашето секојдневие. Неговата поезија се доживува од срце.

knigi na makedonski jazik stotuku izlezeni od pecatnica 3

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg