Книгата е сон којшто го држиш во рака - 3 сосема нови книги за страсните читатели

„Книгата е сон којшто го држиш во раката“, вака барем тврди писателот Нил Гејман, а ние се согласуваме со него.

3-sosema-novi-knigi-za-strasnite-chitateli-01.jpg

Овојпат за вас имаме 3 сосема нови книги кои ќе ви отворат цели нови светови, нови соништа кои навистина ќе ги држите во дланките:

Девојката што требаше да умре - Давид Лагеркранц

Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер.

Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека конечно одлучила да стане ловец, а не плен.

Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?

3-sosema-novi-knigi-za-strasnite-chitateli (2).jpg

Во слободна држава - В.С. Најпол

Главните херои во книгата, Боби и Линда, Најпол ги сместува во „имагинарна“ африканска држава, каде што се случува процес на постколонизација, заедно со сите необични општествени и политички промени, при што низ кратки и оголени реченици и исти такви описи (внатрешни бескомпромисни судири за власта во тукушто ослободената африканска земја), се движат белци.

3-sosema-novi-knigi-za-strasnite-chitateli (1).jpg

Домот во кој… - Маријам Петросјан

Едно момче ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби. Наеднаш пред него ќе се отвори сосема нов свет со сопствени ликови и со правила на однесување, толку различни од „обичниот“ свет.

Децата се доведени таму од своите родители и заборавени. Сепак, нивната детска фантазија и игри не може никој да им ги одземе.

Сите тие имаат впечатливи прекари и карактери. Не сме сигурни дали Лорд навистина потекнува од благородничко семејство, но Слепиот навистина е слеп, а Сфинга е мудар.

Тутунот не е лошо дете, но сака да заработи на туѓа сметка. А тука е и таинствената појава на детето со име Македонски.

3-sosema-novi-knigi-za-strasnite-chitateli (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава