Легендарни детективи чии авантури ќе ве оставаат без сон - нема да заспиете додека не ги прочитате до крај

Шерлок Холмс, Херкул Поаро и Мис Џејн Марпл се легендарни детективи чиишто авантури со децении наназад ја оставаат читателската публика без здив. Нивните авантури „ве вовлекуваат“ во приказната и нема да ви дозволат да заспиете додека не ја откриете мистеријата.

legendarni-detektivi-cii-avanturi-ke-ve-stavat-bez-son-01.jpg

Замислите си слично сценарио. Се враќате од работа, се одмарате еден час, чисто да си ја вратите енергијата, се гледате со најблиските, вечерате и после тоа седнувате во вашиот омилен агол и почнувате со читање на криминалистички романи.

Жедно голтате страница по страница, сочувствувате со тешкотиите на детективот, си правите свои претпоставки, одвреме-навреме станувате за да си ги протегнете нозете и одеднаш сфаќате дека полноќта веќе одамна поминала.

Решавате да ги затворите кориците на книгата и да продолжите со читање наредниот ден. 

Следниот ден секако дека ќе се разбудите ненаспани, но возбудени од приказната што сте ја прочитале.

Во светот на книжевноста постојат легендарни детективи со кои многу генерации имаат пораснато и повторно се навраќаат на нивните мистерии во потрага по таинствените убијци.

Секое ново читање е возбудливо, како и некогаш.

legendarni detektivi cii avanturi ke ve stavat bez son 1

Кои три легендарни детективи им се омилени на читателите со децении наназад?

Шерлок Холмс

Нема човек во светот кој барем еднаш нема слушнато за брилијантниот лик Шерлок Холмс, произлезен од перото на Артур Конан Дојл.

За овој детектив се напишани 4 романи и 56 раскази, а се продуцирани и еден куп серии, филмови и театарски претстави.

Најпознатиот фиктивен детектив живее на адресата Бејкер Стрит во Лондон и не се двои од неговата шапка и луле.

Шерлок е познат по неговото логичко размислување и запазување на детали и секогаш е во друштво со неговиот помошник, доктор Вотсон.

Овој детектив уште повеќе се актуализираше во денешново време, откако BBC ја сними серија Sherlock. Ако сакате да читате за неговите авантури, побарајте ги насловите Авантурите на Шерлок Холмс, Долината на стравотЗнакот на четворката

legendarni-detektivi-cii-avanturi-ke-ve-stavat-bez-son-02.jpg

Херкул Поаро

Друга детективска легенда е Херкул Поаро, пензиониран белгиски полицаец, кој по Првата светска војна се преселил во Англија, а за неговите авантури раскажува британската писателка Агата Кристи.

Ако прочитате неколку книги за него ќе сфатите дека овој приватен детектив е лик кој сака симетрија и благодарение на систематски методи ги решава злосторства, кои на прв поглед изгледаат нерешливи.

Поаро како лик може да го најдете во книгите Убиство во Ориент ЕкспресСмрт на НилАзбучните убиства и многу други.

legendarni-detektivi-cii-avanturi-ke-ve-stavat-bez-son-03.jpg

Мис Џејн Марпл

Тука мора да посочиме уште еден детективски херој на Агата Кристи, а тоа е Мис Џејн Марпл. 

Таа е немажена старица, која живее во мало село Св. Марија Мид, но затоа поседува брз и остар ум и е добар познавач на човековата природа.

Благодарение на својата интелигенција и желба за правда, успешно се справува со злосторствата кои ѝ произлегуваат на патот и секогаш побрзо го идентификува убиецот, отколку самата полиција.

Со Мис Марпл можете да се дружите со насловите: Тело во библиотеката, Карипска мистерија, Во хотелот Бертрам…

legendarni-detektivi-cii-avanturi-ke-ve-stavat-bez-son-04.jpg

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 (лесни) романи што ќе ви докажат дека вистинската љубов можете да ја најдете на најнеочекуваното м... Дали верувате во љубов на прв поглед? Дали верувате дека за сите нас постои срод...
4 романи од Винка Саздова, кои ќе ви ја растреперат душата Младата публика е се позастапена која сведочи за убавината и посебната енергија ...
Три остроумни книги кои ќе ѝ го сменат животот на секоја млада девојка и зрела жена Замислете да имате 17 години и никогаш да не сте стапнале во училница ниту сте с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg