Смејте се и плачете со книгите на шведскиот писател Фредрик Бакман

Неговите книги се продаваат во милионски тиражи. Оние кои прочитале некој наслов од Фредрик Бакман со нетрпение ја очекуваат секоја негова нова книга. Тој, својата кариера ја започнал како еден од најпознатите блогери и колумнисти во Шведска, сè до 2012 година кога решил да се посвети на книжевноста и го објавил меѓународниот феномен Човекот по име Уве.

smejte se i placete so knigite na svedskiot pisatel fredrik bakman 2

Книги на овој шведски писател зборуваат за обични луѓе и храброста што секој од нив ја поседува длабоко во себе. Необично смешни и мудри. Ликовите му се толку нежни што никој не може да им одолее на нивните животни приказни.

Бакман пишува за сите нас, за повредените, осамените и оние кои врват низ животот. 

Во продолжение следува дел од неговото творештво кое може да го најдете и на македонски јазик.

Една од најпродаваните книги во последните неколку години во светот е Човекот по име Уве. Приказната го раскажува животот на 59-годишниот вдовец, Уве, кој тагува поради загубата на својата сакана и затоа што поскоро ја посакува својата смрт.

Незадоволен од своето постоење, Уве постојано врши инспекција низ неговата улица, вечно гневен и незадоволен на работи кои со години наназад се завршени. Но, една ноемвриска ноќ, откако новодоселениот сосед ќе му го уништи поштенското сандаче, животот на Уве почнува да се менува, а ние низ страниците ја дознаваме неговата тажна судбина…

Исто така, снимен е и филм според книгата, кој во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. 

smejte se i placete so knigite na svedskiot pisatel fredrik bakman 6

Тука е уште една книга од Фредрик Бакман, насловена како Брит-Мари беше тука. Низ неколку стотина страници го следиме животот на Брит-Мари, жена со фантазија, топло срце и големи соништа, која не може да поднесува неред.

Затоа секое утро станува во шест часот и се препушта на нејзините животни навики во гратчето Борг, каде се доселила по разделба со сопругот Кент. Таа секојдневно се соочува со своите сограѓани и има за цел да стане тренер на фудбалски тим и тоа со неталентирани деца. Ова е само почетокот од авантурите низ кои поминува Брит-Мари…

smejte se i placete so knigite na svedskiot pisatel fredrik bakman 5

Шармантниот роман Баба ми ве поздравува и ви се извинува зборува за девојче чија баба умира на седумдесет и седум години и зад себе остава куп писма со кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила, а истите писма малата внука ќе ја одведат на патување што ќе го оживее бајковидниот свет што и двете го измислиле. 

Оваа приказна на Бакман со комична точност отвора многу философски прашања, меѓу кои и правото да се биде различен.

smejte se i placete so knigite na svedskiot pisatel fredrik bakman 4

Малата книга Секое утро патот до дома е сè подолг и подолг содржи голема порака која долго ќе остане во срцето на читателот. Тоа е приказна за еден дедо и момчето Ноа чии разговори опфаќаат различни теми, а ние низ страниците ја согледуваме минливоста на животот и разделбите со кои се соочува човекот.

Како за крај ќе го наведеме и насловот Живот за живот. Длабока и емотивна, како и сите претходни наслови на Бакман, оваа приказна ќе ни ги постави прашањата колку сме подготвени да ги поправиме грешките во животот ако ни се даде последна шанса? И колку сме подготвени да платиме за тоа?

smejte se i placete so knigite na svedskiot pisatel fredrik bakman 3

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg