10 модерни класици што треба да се засрамите доколку не сте ги прочитале досега

Сонуваат ли андроидите електрични овци? – Филип К. Дик

До 2021 година, Светската војна убила милиони, доведувајќи го целиот вид до изумирање и миграција на човештвото надвор од планетата. Оние што остануваат посакуваат какво било живо суштество, а за луѓето што не можат да си го дозволат тоа, компаниите создале неверојатно реалистични симулакруми: коњи, птици, мачки, овци.

Тие направиле дури и луѓе. Имигрантите на Марс добиваат андроиди, кои се толку софистицирани што не може да се разликуваат од вистинските мажи или жени.

10-moderni-klasici (6).jpg

Сјаење – Стивен Кинг

Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава.

Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…

10-moderni-klasici (8).jpg

Кланица пет – Курт Вонегат

Антивоен сатиричен научно-фантастичен роман кој ги следи искуствата на наивниот и изгубен американски војник Били Пилгрим за време на Втората светска војна, преку низа настани од недоверливиот наратор и неговите патувања низ времето како заробеник во наводна вонземска зоолошка градина.

10-moderni-klasici (7).jpg

Децата на полноќта – Салман Ружди

Романот истовремено претставува семејна сага и зачудувачка евокација на Индија и нејзините жители - брилијантно олицетворение на универзалната човечка комедија.

Чудесно епска, прозата на Ружди се распрснува во различни временски насоки, создавајќи моќни психолошки слики, аналитички политички панорами и незаборавни индивидуални судбини.

10-moderni-klasici (9).jpg

Името на розата – Умберто Еко

Историско-детективски роман сместен во средновековен италијански манастир. Приказната почнува при крајот на ноември во 1327 година, кога во еден манастир пристигнува англискиот францисканец Вилјем од Баскервил, во придружба на својот ученик и искушеник Адсон од Мелк.

Манастирот е потресен од необјаснивата смрт на младиот Адолфо, чие мртво тело е само првото од неколкуте што во околината создаваат атмосфера дека се ближи апокалипсата и дека набрзо ќе дојде антихристот.

10-moderni-klasici (10).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...

Најчитани неделава